Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

По повеќе од две децении најави и ветувања конечно почна изградбата на автопатот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од две децении најави и ветувања конечно почна изградбата на автопатот Скопје – Блаце. Машините и багерите излегоа на терен со што официјално е означен почетокот на изградбата на втората фаза од автопатот меѓу Македонија и Косово.

Ова е историски момент, поврзувањето на двете земји ќе значи подобра економија,подобар транспорт и подобра размена. Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека делницата ќе има значење и за поврзувањето со европските транспортни коридори 8 и 10.

„Ние денеска отпочнуваме да градиме иднина, иднина за нашите млади. Бидејќи во политиката политичарите се минливи, ги ценат по она коешто ќе го остават зад себе и делата коишто ги оставаат зад себе. Ние како политичари во оваа наша македонска Влада мислам дека ќе оставиме капитални проекти, капитални дела коишто ќе ја одредат иднината на државата и ќе обезбедат иднина за младите“, изјави премиерот.

Реклама

Проектот е вреден повеќе од 200 милиони евра и го гради домашната компанија „Гранит“.Автопатот Скопје–Блаце треба да ја зајакне врската меѓу Скопје и Косово и да ја позиционира Македонија како важна транспортна точка во регионот – вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

“Почнува нов проект којшто за неколку години ќе донесе дополнителен развој и силно поврзување на нашата држава со Косово и со Црна Гора, отворање кон најмалку две пристаништа – дополнително отворање кон пристаништето Драч и отворање кон пристаништето Бар и уште повеќе зацврстување на Македонија како крстосница на Балканот.Проектот предвидува изградба на 5 тунели со лева и десна цевка, 11 моста, 4 галерии, 9 потпорни ѕида. Вкупно 40 објекти ќе се градат на оваа делница ” – рече Николоски.

Овој  проект е еден од најтешките и најсложените автопати кои што се гради на планинско ридски терен.

“Ова е најсложениот и најтежок автопат, кој на мало растојание од 10,5 км ќе има многубројни тунели, вијадукти, мостови, галерии и кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите” – изјави Коце Трајановски.

Косовскиот премиер Курти потсети на бројките. Илјадници граѓани секојдневно ја минуваат македонско-косовската граница, а само преку преминот Елез Хан годишно поминуваат околу 54 илјади камиони.

“Овој автопат ќе го направи протокот побрз, посигурен и поефикасен. Истовремено, ќе им даде на нашите бизниси поголеми можности за движење на стоките, да ги развијат пазарите и да создадат нови партнерства” – рече Курти.

Изградбата на автопатот е потпомогната со поддршка и од ЕУ.

По изградбата на актуелните автопатски проекти, продолжува и изградбата на стратешката делница од Коридорот 8, од Букојчани до Кичево. Оваа делница ќе го поврзе Букојчани со автопатот Кичево–Охрид.

Се очекува автопатот Кичево–Охрид да биде пуштен во употреба на почетокот на следната година. Со тоа ќе се подобри поврзаноста, ќе се олесни патувањето и ќе се забрза изградбата на целиот Коридор 8.