Во насока на преземање активности за справување со вирусот на Западно – нилска треска, Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани кои се наоѓаат на нејзина територија, информираат од локалната самоуправа.
Исклучени се фонтаната во населбата Бардовци, фонтаната спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, фонтаната на плоштадот Делфина во Влае и фонтаната во Карпош 3 спроти Тинекс.

Општинските служби, како што посочуваат, го преземаат овој чекор, како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои шират вирусни заболувања.

-Се надеваме на разбирање од карпошани, бидејќи Општина Карпош ја презема оваа мерка во интерес на безбедноста и здравјето на сите жители. Во оваа пригода, апелираме до нашите сограѓани да се придржуваат до препораките од Институтот за јавно здравје, се посочува во соопштението од општина Карпош.

