Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Околу 14.500 првачиња ќе седнат во училишните клупи. Од министерството за образование…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 14.500 првачиња ќе седнат во училишните клупи. Од министерството за образование велат дека бројката не е конечна, но е значително помала споредбено со минатите години. Разликата од над 4.000 ученици постепено се намалува, а се очекува бројот на запишани дополнително да се зголеми до крајот на август и во текот на септември, кога традиционално се реализираат дополнителни уписи на деца.

Оваа година досега се запишани околу 14.500 првачиња. Но, потенцирам, тоа не е дефинитивна бројка затоа што во тек на целиот месец август и во септември ние дополнително запишуваме првачињата кои задоцниле на повикот за упис во прво одделение. Бројкат е помала од лани норазликата која претходно ја кажав над 4000 веќе се намалува.“ – вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Помалку ученици ќе значат и помалку училишта. Во основните училишта има 200 паралелки помалку, а во средните 100. Од министерството очекуваат учебната година да започне и со 26 затворени рурални училишта каде што учат едвај десет ученици. Одлуката, велат од Министерството, не е само финансиска или административна, туку пред се образовна. Целта е учениците да не бидат изолирани туку да се социјализираат и да имаат поквалитетно образование.

Реклама

Не сакаме нивно изолирано постоење во одредена рурална средина каде што владеат одредени принципи, па и одредени стереотипи и каде што квалитетот на образованието не може да биде соодветен заради малиот број на ученици. Посебно ако станува збор за комбинирани паралелки каде што ученици од три различни одделенија – колку што со закон е дозволено – па да има 5 ученици – два во прво, еден во трето и два во пето оделение“ – нагласи министерката.

Ќе се затвараат образовни установи исклучиво онаму каде што има услови да се следи наставата во близина. Долго патување до најблиското централно училиште или пак несоодветен пат ќе играат главна улога во одлуката за затварање на училиштата.  Но доколку објектот е во близина на 2 километри од друго училиште, од министерството велат дека не е соодветно да се чуваат децата заробени.