Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Економија

Имаме план и стратегија, ќе продолжи економскиот раст и макроекономската стабилност, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата планира намалување на ДДВ на горивата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата планира намалување на ДДВ на горивата, презема внимателни чекори, има план и стратегија затоа што, како што оцени, состојбата на Блискиот Исток  може да потрае и неколку години, повеќе од предвидувањата. Граѓаните, според Мицкоски, треба да бидат спокојни затоа што државата има доволно нафтени резерви.  

– Да, планираме. Имаме јасна стратегија, имаме јасен план. Според нашите анализи ова ќе потрае. Оваа состојба што се случува во Заливот може да потрае и неколку години. Внимателно ги повлекуваме чекорите за да не ја нарушиме макроекономската стабилност во државата. Од друга страна, да обезбедиме убедливо најниски горива за граѓаните и за индустријата кај нас. Целата оваа состојба, за жал, ќе потрае малку подолго од тоа што се предвидуваше, односно може да потрае и неколку години. Оваа состојба на ниска инфлација, којашто сега ја имаме, најниски цени во регионот, солиден економски раст и макроекономска стабилност, ќе продолжи понатаму – рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали се планира намалување на ДДВ и дали се преговара со ОКТА за обезбедување попуст, по посетата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Прашан колкави се државните резерви, рече дека „имаме доволно за да опслужиме конзум на нафта и нафтени деривати за 50-60 проценти од времето пред кризата“.

Реклама

– И не воведовме забрана, неколку аеродроми се снабдуваат со реекспорт од Македонија во регионот, така што бидете спокојни.  Истата група на луѓе кога почна војната ја тераа истата пропаганда – ќе нема нафта, ќе нема бензин, а ние успеваме да обезбедиме и за соседите. Истата таа група на луѓе кои не ја сакаат во суштина Македонија беа несреќни кога видоа дека ние се снаоѓаме во услови кога нивото на Дунав беше најниско и кога ги затвораа хидроцентралите, термоцентралите, кога европските граѓани плаќаа 500 евра за мегават час. Истата таа група на луѓе што не ја сака Македонија, што не сакаат да успее оваа земја, се што е револуционерно и што сака да ја води Македонија напред тие се обидуваат за ситни мали грамчиња што ги добиваат да го уништат. Ќе се бориме, јас сум подготвен, до крај ќе се борам со нив и нема назад, подготвен сум секоја политичка цена да ја платам ама знам дека тоа е правиот пат за мојата татковина чијшто претседател на Влада сум во моментов, изјави Мицкоски. 

Премиерот потенцираше дека  Владата обезбедила најевтини горива во регионот и нивна зголемена потрошувачка за 50 до 60 проценти, а притоа ја одржала макроекономската стабилност во државата, со намалување на инфлацијата на 2,3 проценти. 

– Дизел горивото во Македонија е за половина евро по литар поевтино отколку во Албанија, за 35 центи поевтино отколку во Србија, денес, од 30 до 50 центи по литар поевтино од сите држави во регионот: Грција, Хрватска, Словенија, БиХ, Црна Гора, без разлика дали станува збор за безоловниот или за дизелот. Така што, ако ја оставиме политиката на страна и почнеме да ги гледаме бројките, ќе дојдеме до заклучок дека во моментот – бидејќи сите купуваме од исто место нафта и нафтени деривати – граѓаните во Македонија, но и граѓаните на дел од соседните земји доаѓаат во Македонија на бензинските македонски пумпи да ги полнат резервоарите на своите автомобили и на своите превозни средства. Како Влада обезбедуваме не само за македонските граѓани, за 50-тина до 60-тина проценти е зголемен вкупниот волумен на бензин и на дизел гориво што се продава изминативе месеци, а притоа успеавме да ја одржиме макроекономската стабилност во државата, инфлацијата да ја намалиме на најнизок износ во регионот — 2,3 проценти на годишно ниво во јули и 1,7-1,8 проценти во трговијата на мало.  Кога веќе ја оставаме политиката на страна и кога зборуваме за бројките, ова се фактите – рече Мицкоски.

Како што дополни, „кога ќе се направи споредба со 2022 година, кога инфлацијата во јули изнесуваше 16 проценти и бевме убедливо заковани на дното во регионот, може да се направи јасна разлика помеѓу водството на државата тогаш од СДСМ и ДУИ, и  на актуелната Влада што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери Вреди и ЗНАМ“. 

Мицкоски рече дека можеби и не треба да ги коментира критиките од опозицијата за стандардот на граѓаните, затоа што, „Владата на СДСМ и ДУИ не оставила здрава институција и уништила се, а сегашната „го консолидирала системот“.   

– Оваа Влада успеа да го консолидира системот и кога економските параметри, за нивна жал и за нивна несреќа, се драматично подобри од тоа што беше додека беше владата на СДСМ. Единствената цел на овој талог во опозицијата и единствената работа што знаат и умеат да ја прават е на дневна основа да спамираат со лаги, измислици, конструкции. Како човек сум толерантен прилично, а како Влада имаме демократски карактер и ќе ги оставиме да тонат во своето политичко мочуриште, а нашиот одговор на овие нивни лаги и конструкции се проекти со коишто институциите што ги ограбија и ги уништија ќе ги донесеме онаму каде што им е местото – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тагови