Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Шасивари-Милер: На секое дете му е потребен правосуден систем што ги препознава неговите потреби и ги штити неговите права

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари работна средба со претставничката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер, на која биле разгледани клучни прашања поврзани со унапредувањето на системот за правда за децата.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата било истакнато дека најдобриот интерес на детето останува главен приоритет, во согласност со Конвенцијата за правата на детето.

Особено внимание било посветено на имплементацијата на Законот за правда за децата и на потребата од континуирано зајакнување на капацитетите на сите субјекти во системот за правда за децата.

Реклама

-Новиот Закон ја нагласува потребата од специјализација на професионалците кои работат со деца, поради што од особено значење е продолжувањето на обуките за правните професионалци за соодветен третман и заштита на децата – жртви или сведоци на насилство и криминал, како и за примена на пристапите на ресторативната правда. Подзаконските акти се уште еден важен чекор во практичната имплементација на Законот, бидејќи обезбедуваат јасни процедури, стандарди и алатки за доследно спроведување на неговите принципи – стои во соопштението на Министерството.

Во соопштението се додава дека соговорниците се согласиле дека на секое дете му е потребен правосуден систем што ги препознава неговите потреби, ги штити неговите права и му овозможува реален и еднаков пристап до правда.

-Министерството за правда останува посветено на унапредувањето на системот за правда за децата и на создавањето институционални услови во кои правата на секое дете ќе бидат целосно почитувани и заштитени, додаваат оттаму.