Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

12 потврдени  и три починати лица се регистрирани во изминатава недела од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

12 потврдени  и три починати лица се регистрирани во изминатава недела од Западно-нилска треска. Починатите се машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани во инфективната клиника. Кај три починати лица биле регистрирани коморбидитети. Инаку испратени се 6526 смс пораки до граѓани над 60 години во засегнатите подрачја за да се информираат како да се заштитат од комарците. На чекање за испраќање остануваат уште 31.365 пораки, кои постепено ќе бидат доставени до граѓаните во наредниот период. 

-Над 60 години години се 33 лица, четири лица се на возраст на возраст од 50 до  59 години и едно лице на возраст од 20 до 29 години. Значи просечна возраст отприлика 67 години. Она што треба да обрнеме внимание дека дефинитино доминира возрасната група  над 60 години– истакна Марија Гочевска од ИЈЗ

Епидемиолозите велат дека зголемувањето на бројот на смртни случаи и пациенти во критична состојба значи дека вирусот станал поактивен и опасен. Не може да се процени колку точно се инфицирани од вирусот.  Апелираат најмногу да внимаваат постарите граѓани бидејќи јкај нив е можна тешка мозочна инфекција. Во однос на мерките додаваат дека се потребни и правилно се донесени.

Реклама

Тонско—Драган Даниловски –Епидемиолог

-Мерките што се  најавени се потребни и во основа правилно насочени. Јас би ги поделил во неколку групи првата група е насочена кон подобро  откривање на човечки случаи и се состои во зголемено тестирање како што најави министерот и информирање на здравствениѕе работници тоа е важно како за дијагностицирањето така и за лекувањето  и воопшто за стекнување епидемиолошка слика–истакна епидемилогот Драган Даниловски

Втората мерка  е засилената дезинсекција и мапирање на застоените води. И третата е следењето на угинатитите птици. Ефектот на мерките вели Даниловски  ќе зависи од брзината, опфатот и континуитетот. Многу е важно да се детектира каде е најголема густината на комарците и каде е најголемата циркулација таму да се делува.

— Сметам дека епидемиолошки многу правилно е што се нагласува дека случаите треба да се мапираат тоа беше кажано. Да се мапираат не само според местото на живеење  туку и според веројатното место на заразување. Тоа е да кажам на некој начин комплетен пристап во такареченото мапирање–истакна епидемилогот Драган Даниловски

Сите се согласни  дека сме во период на висок сезонски ризик но дека не може со сигурност да се каже кога ќе биде пикот. Тоа ќе се знае дури по недела или две кога ќе почне да се спушта едпидемиската крива и бројот на заболени. Поради зголемениот број на заразени со западнонилска треска, здравствените власти прогласија епидемија во пет скопски општини и секојдневни апелираат да се почитуваат мерките за лична заштита.