Реклама

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Пасоши, возачки и лични карти без хаос: И во шпицот на сезоната документите се вадат без долги редици

Го нема хаосот и редиците пред вратите на Министерството за внатрешни работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Го нема хаосот и редиците пред вратите на Министерството за внатрешни работи за пасоши и лични карти. Иако бројот на барања за лични документи е зголемен за време на летната сезона, издавањето тече без никаков проблем.

Граѓаните кои ги затекнавме пред управните служби во МТВ велат дека иако има голема раздвиженост, работа се завршува за помалку од 10-тина минути.

Граѓаните задоволни бидејќи им бил закажен термин од „денес за утре“.

Реклама

Во текот на јули биле поднесени околу 55.000 барања за лични документи, меѓу кои и за патни исправи. Во редовна постапка, термин за поднесување барање се добива во рок од еден до два дена, додека документите се издаваат за најмногу седум дена.

Од МВР посочуваат дека ова е првпат во јули и август, кога традиционално има најголем број граѓани од дијаспората во земјава, постапката да се одвива без подолги рокови на чекање. Полицијата располага со доволно капацитети за да одговори на зголемениот број барања, а во случаи на итни и оправдани причини службите постапуваат по законските можноста за итна постапка.

  • Министерството им препорачува на граѓаните од дијаспората навремено да ја проверат важноста на своите документи и доколку има потреба, барањето за нова патна исправа да го поднесат веднаш по пристигнувањето во државата, имајќи предвид дека во моментов редовната постапка овозможува издавање на документите во кратки рокови“ велат од Министерството за внатрешни работи.

Досега беа реконструирани просториите на управните служби во повеќе полициски станици,а во план е подобрување на условите уште во неколку. Тоа ќе придонесе, како што велат од МВР, услугите да бидат побрзи, поефикасни и со пократко време на чекање.

Сегашната слика во управните служби на полицијата е многу поразлична пред почетокот на 2024-та година кога поради Преспанскиот договор граѓаните беа приморани да ги менуваат пасошите. Но поради неспремност на тогашното раководство системот целосно колабираше во редици со часови се чекаше за фотографирање и подигање на личните документи.