Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувања

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и потпретседателката на Здружението…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска потпишаа Меморандум за стратешка соработка, во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво.

Како што информираат од Општина Кисела Вода, овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања.

Соработката предвидува широка палета на хуманитарни, едукативни и превентивни активности кои ќе се реализираат во директен интерес на граѓаните. Како што посочуваат, особено е значајно што претставници на Здружението „ХЕМА-ОНКО“ активно ќе бидат вклучени во консултативните процеси и работните групи при подготовката на локалните програми поврзани со здравството и социјалната заштита во општината.

Реклама

-Здравјето и добросостојбата на граѓаните секогаш се во фокусот на нашата локална самоуправа. Борбата со малигните заболувања не е товар што треба да се носи поединечно, туку колективна обврска во која институциите имаат должност да бидат најсилен потпирач. Со овој Меморандум со „ХЕМА-ОНКО“, ја зацврстуваме рамката за континуирана едукација и превенција, но пред сè, испраќаме силна порака до пациентите и нивните семејства: не сте сами. Нашата цел е преку заеднички активности да обезбедиме уште поголема поддршка и конкретна помош за нашите сограѓани – потенцираше градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Партнерството меѓу Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ ќе се реализира преку заедничко планирање и организација на едукативни трибини, работилници, јавни дебати и кампањи. Дополнително, документот отвора можност за здружено аплицирање на домашни и меѓународни повици за финансирање проекти кои се од заеднички интерес.