Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

Во првата половина од следната година автопатот од Кичево до Охрид треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во првата половина од следната година автопатот од Кичево до Охрид треба да биде во целост завршен. Патното поврзување на државата и забзрување на изградбата на автопатите кои беа запрени во минатото, како и поврзување со нови делници, од Владата велат дека се приоритет. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во Извор кичевско беше на работен состанок со директорот на јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски. Тие оценија дека се работи со силна динамика на изградба на автопатот до Охрид. Потенцираа дека се решаваат сложени инженерски проблеми.

„Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со предвидената динамика и сите комплексни задачи се реализираат со постојана координација помеѓу Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачите. Ја градиме Македонија“,     стои во објавата на Николоски.

Посветеноста за целосно автопатско поврзување на државата по оските исток-запад, север-југ треба заврши со целосна изградба на патните правци Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, а следниот месец ќе започне со поврзување на Букојчани до Кичево. Во октомври се пушта во употреба уште една делница од автопатот Кичево-Охрид, а целиот автопат Кичево-Охрид-Струга е планирано да се заврши во првиот квартал од следната година, потенцираше Николоски во обраќањето по повод 25 годишнината од потпишувањето на рамковниот договор. За неколку дена ќе започне со изградба и автопатот Скопјe-Блаце. Паралелно се гради и автопатот од Прилеп до Битола. Покрај патен, паралелно мора да се развива и железничкиот сообрајќај по истите коридори.Во соработка со Европската Унија, следната година започнува изградбата на првата фаза од железничката пруга Скопјe – Јегуновце-Тетово – Гостивар, втората фаза Гостивар – Кичево и третата фаза Кичево – Охрид – Струга, со што се гради еден дел од киродорот 8, додека пак истиот ќе заврши со железничкото поврзување со Бугарија. Паралелно се работи на брза пруга до Грција, со што железничкото поврзување на државава во двата правци ќе биде во целост завршено.