Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Кисела Вода има прилив на првачиња и тоа нè прави среќни, рече Јаневска при отворањето нова училишна спортска сала

– Кисела Вода е општина што има прилив на првачиња и тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кисела Вода е општина што има прилив на првачиња и тоа нè прави особено среќни, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, која заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска присуствуваше на отворање нова спортска сала во училиште во Припор. Новата спортска сала е со вкупна површина од 460 квадратни метри, а вредноста на проектот изнесува 19.410.970 денари.

Министерката им честита на жителите на Кисела Вода, на учениците и наставниот кадар за спортската сала при што рече дека е по најсовремени стандарди, каде што учениците ќе имаат модерна настава по физичко воспитание и спорт и ќе се развиваат телесно и духовно.

Таа напомена дека во овој двегодишен период се инвестирани околу 90 милиони евра во огромен број проекти.

Реклама

– Во однос на Кисела Вода, покрај оваа сала, ние градиме сала во „Кузман Јосифовски – Питу“, а ќе реконструираме сали во „Круме Кепески“ и „Кузман Шапкарев“. Дополнително, за целата општина, речиси во целата, во 90 отсто да имаме едносменска настава, ние ќе доградуваме по шест училници во уште три училишта – „Кузман Јосифовски – Питу“, „Круме Кепески“ и во „Рајко Жинзифов“ во Пинтија, со што ќе обезбедиме она што е приоритет на оваа Влада – едносменска настава за подобри квалитет на наставата во сите општини. Но, еве, Кисела Вода се приближи кон крајот, значи насекаде да го има тоа. Кисела Вода е општина што има прилив на првачиња и тоа нè прави особено среќни. Со тоа се обидуваме и да ги исполниме условите за тие да останат тука – подвлече министерката во изјавата за медиуми.

Честитки упати и премиерот Мицкоски.

– Добро е кога се гради, добро е кога се исполнуваат потребите на најмалите, на децата, бидејќи ваквите објекти ним им се потребни. Да го градат својот дух, како што велевме едно време „Во здраво тело и здрав дух“. Кога спортуваат и кога другаруваат и кога се натпреваруваат во исто време, тогаш го градите и својот дух во правилна насока. Нормално и сè она коешто доаѓа со спортот – рече Мицкоски.  

Посочи дека Владата ќе продолжи да поддржува вакви проекти.

– Нашата задача е да работиме, тоа коешто сме го ветиле да го испорачаме. Од ден на ден, дел од проектите коишто ги започнавме – се завршуваат, помал дел се во фаза на реализација, помал дел се отпочнуваат сега. Повеќе од 1.200 проекти веќе се реализираат на целата територија на државата и мислам дека Македонија е во моментот претворена во едно големо градилиште. Тоа беше целта на оваа Влада, кога беше избрана, пред нешто повеќе од две години и во таа насока ќе продолжиме и понатаму – посочи тој.

Притоа додаде дека за следната година ги охрабруваат градоначалниците преку ЗЕЛС да подготвуваат проекти.

– Во зависност од можностите, исто така, како Влада, планираме дел од средствата да децентрализираме од централниот буџет кон општините за да можат уште повеќе проекти да се реализираат. Така што, еве, тоа што беше приоритет продолжуваме и понатаму да го реализираме – истакна премиерот.

​Тој упати честитки до градоначалничката за посветената работа, за сите оние во Советот коишто ја поддржуваат работата на градоначалничката, како што рече, на администрацијата без којашто сите овие проекти е невозможно да се реализираат. Се заблагодари на министерката за образование, на колегите од Владата коишто го носат, исто така, овој проект за финансирање на проекти кон општините, од Владата кон општините.

​- Нека е со среќа и голем број спортисти, успешни репрезентативци и репрезентативки да излезат од оваа сала, коишто со гордост и со достоинство и со успешни резултати ќе ги бранат боите на Македонија – порача претседателот на Владата.

Градоначалничката на оваа општина, Стаменкоска Трајкоска, појасни дека станува збор за подрачно училиште, а новата спортска сала значи место каде учениците ќе имаат можност да се дружат, правилно да се развиваат и растат и да ги следат часовите по физичко образование.

– А овој дел морам да напоменам, за општина Кисела Вода, за населбата Припор е едно барање кое е од подолго време. Решаваме еден голем проблем и како што кажав, во соработка со Владата на Република Македонија, ресорното Министерство и сите засегнати страни, ги решаваме проблемите коишто се децениски. Затоа морам да напоменам дека и во општина Кисела Вода имаме веќе проекти кои се исто така квалитетно работат, а тоа се основните училишта „Невена Георгиева – Дуња“, исто така „Кирил Пејчиновиќ“ во населбата Драчево. Она со што можам јас да се пофалам, како градоначалник на општина Кисела Вода, е дека обезбедуваме униформи за сите ученици во општината и секако ранчиња за сите првачиња, кои посакуваме сè поголем број да бидат од оваа година, а и во годините што следат – истакна градоначалничката.

​Таа нагласи дека Општина Кисела Вода продолжува да работи, да создава убави услови за своите сограѓани.

– И целта ни е заедничка, затоа и благодарам за поддршката што ни ја дава Владата на Република Македонија и сите ресорни министерства, да ете вака имаме можности да создаваме и да промовираме вакви успешни проекти како што е и денешниот. Нека ни е со среќа, нека е со аирлија и нека оваа сала биде богата со голем број на дечиња кои ќе вежбаат, растат и ќе се развиваат овде – порача градоначалничката.