Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Крвничко тепање во Гостивар: Група млади луѓе со тупаници, клоци и прачки претепаа момче

А како малку проблеми да имаат гостиварчани, па сега уште треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

А како малку проблеми да имаат гостиварчани, па сега уште треба да се занимаваат со рафални стрелби за време на свадба, но и со групна тепачка на сред улица.

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како поголема група млади луѓе се тепаат на улица, а едно од нив паѓа во несвест откако е удрено со клоца во главата. И во таква состојба, кога момчето не се помрднува, друго лице му приоѓа и со силни удари крши дрвена прачка од неговиот грб.

Полицијата работи на идентификација и пронаоѓање на напаѓачите на момчето во Гостивар.

Реклама

„На 2 август во 22 часот, 22-годишниот А.В. пријавил дека претходната ноќ, во 2 часот по полноќ, тој и неговиот пријател биле физички нападнати од три непознати машки лица на возраст од околу 25 години. Според пријавеното, истите при нападот користеле разни тврди и дрвени предмети. Известен е дежурен јавен обвинител и се работи на идентификување на сторителите и расчистување на случајот“, велат од МВР.