Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Во „Ќојлија“ целосно се реконструира нов објект, во кој вложуваме над 10…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во „Ќојлија“ целосно се реконструира нов објект, во кој вложуваме над 10 милиони денари. Во текот на оваа година реализираме околу 20 проекти со вкупна вредност од над 3 милиони евра – истакна денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски при увид во градежните активности во касарната „Ќојлија“.

Тој информираше дека е подготвена техничка документација за повеќе капацитети, меѓу кои Домот на Армијата и хотелот „Шар“, а следната година ќе започне нивната целосна реконструкција. 

– Станува збор за десетици милиони евра инвестиции. Присутни сме во сите касарни, се заменуваат покриви, се градат нови капацитети за модернизација, за новите возила и артилеријата-додаде министерот.

Реклама

Мисајловски најави дека реконструкцијата во „Ќојлија“ ќе биде завршена во септември, а паралелно се работи и во Велес, Прилеп и Штип. 

– По 30 години без интервенции, денеска гледаме градежен бум. Приоритетите ги поставува Армијата, а ние обезбедуваме средства од буџетот – рече Мисајловски.

Тој посочи дека капиталните проекти ќе продолжат со реконструкција на воениот стадион и спортските терени, како и изградба на нова спортска сала во Воената академија. 

– Модернизацијата ќе биде над 30 проценти од буџетот, но паралелно мора да вложуваме и во инфраструктурата – истакна Мисајловски, додавајќи дека реконструкција се врши и во Службата за разузнавање.

Тој информираше дека истата компанија веќе работи и во воениот медицински центар, каде што ќе се подобрат условите во лабораториите.

Посебен акцент стави на проектот за Домот на Армијата, за кој е подготвена проектна документација со проценета вредност од околу десет милиони евра.

 – Станува збор за огромен капитален проект кој никогаш досега не бил започнат. Планираме целосна реконструкција на големата сала и сите внатрешни капацитети, со можност објектот да биде отворен и за граѓаните и медиумите-истакна министерот.

Министерот пренесе и дел од разговорите од неодамнешниот самит во Анкара, каде што биле разгледувани предизвиците за зголемување на буџетите за одбраната кај повеќе земји.