Реклама

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Најмалку 120 доброволци ќе гаснат пожари без пари

„Преку езерото“ годинава од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Демократија на зборови, на дело сосем обратно: И Славјанка Петровска се најде на листата на Венко Филипче за „отстрел“

Нов автопат Скопје-Блаце, изградбата ќе започне во август

Експерти: Со предвемената отплата на еврообврзницата се стабилизра јавниот долг

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност

Фаризи: Владата се движи на прав пат и ги исполнува очекувањата на граѓаните

Решен проблемот со лекот за пациентите на дијализа во струшката болница

Над 1.200 проекти низ општините – Кавадарци добива современ спортски комплекс

Меѓуврсничко насилство: Се почесто или само повеќе видливо заради социјалните мрежи?

Мицкоски: вратен долг од претходната Влада во износ од 700 милиони долари

Македонија

Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на втората манастирска слава за Рождеството на Свети Јован Претеча – Иванден

Познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознато како Бигорски манастир и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознато како Бигорски манастир и годинава ќе го одбележи сечесниот празник на раѓањето на својот патрон и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован – Иванден, што е втора манастирска слава.

По тој повод Свештената бигорска Обител преку објава ги кани верниците на заедничка прослава, која почнува вечерва, на 6 јули, со сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:00 часот, а на кое молитвено ќе претстои Неговото преосвештенство епископот Ексамилиски г. Епифаниј, викар на Неговата Сесветост Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј. Молитвено учество на бдението ќе земат монаси и свештенослужители од Света Гора, Грција и Романија, како и византиски хор од Романија, а ќе присуствува и граѓанскиот управител на Светата Гора Атонска.

Утре, на денот на празникот, во 8:30 часот ќе има свечен пречек на Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, и почеток на светата архиерејска Литургија. 

Реклама

Додаваат дека славното бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нивната православна вера и култура, особено за жителите на овие краишта и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската вистина и да ги јакне верата и здравите вредности меѓу народот. 

Затоа, порачуваат, да ја покажеме и ние должната почит кон светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на светиот Претеча. 

-Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот пророк и крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани да се присоединат кон неговото големо торжество, бидејќи тој, во денот на своето Рождество е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и чесните мошти што се пазат во неговиот храм ги слуша и исполнува молитвите на оние коишто со љубов и вера го повикуваат, тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите коишто ревносно го чествуваат неговиот спомен, нагласуваат од манастирот.