Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Економија

Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на настанот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на настанот по повод потпишување на договор меѓу ЈПДП и ЕБОР за грант средства за изградба на автопат Скопје-Блаце, кој ќе се одржи во 11 часот во Свечената сала во Владата.
 
Мицкоски минатата недела изјави дека е избрана градежната фирма што ќе го гради автопатот Скопје – Блаце, а за денеска најави и дека ќе биде потпишан и официјален договор, со што месецов се очекува да почне изградбата на оваа делница. 

– Таа тема се говореше во јавноста со децении. Успешно е завршена целокупната постапка, избран е изведувач и в понеделник и официјално ќе биде потпишан договорот. Очекувам овој месец да почне и изработката на оваа делница, така што и ова, би рекол, условно кажано, негативно наследство од минатото, се решава – изјави тогаш Мицкоски. 

Тој додаде дека проблемите што ги затекнале како Влада се илјадници и, вели, еден по еден ги решаваат. 

Реклама
Целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје - Блаце (границата со Косово) треба да заврши во октомври годинава. Комплетната реконструкција на останатиот дел од патот е завршена. За жа

– Сега ние не можеме наеднаш сите да ги решиме бидејќи немаме толку ресурси, но еден по еден ги решаваме. Еден од тие приоритети што успеавме да го решиме е токму и овој предизвик, конечно оваа делница, овие осум километри, да бидат завршени – изјави Мицкоски. 

Конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“ ќе го гради вториот дел од автопатот Скопје-Блаце, во должина од 10,5 километри.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски минатиот месец најави дека изградбата ќе почне летово изрази очекување автопатот да биде изграден за 3,5 години. На него ќе има пет тунели, две галерии, 12 мостови, околу 40-тина објекти заедно со помалите.

Според Николоски, изборот на „Гранит“ за изведувач, е сигнал за целиот градежен сектор во државава дека можеме да градиме големи инфраструктурни проекти. 

– Почнуваме изградба на нов автопат.  Во текот на ова лето започнува да се гради автопатот Скопје-Блаце. На денешната средба со директорот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Фатих Туркменоглу бевме информирани дека е завршена постапката за избор на изведувач за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Избран е конзорциум предводен од компанијата Гранит. После подолг временски период една домашна македонска компанија ќе гради голем инфраструктурен проект, изјави Николоски кон средината на минатиот месец..

Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри.

Автопатот е витална патна артерија со која Македонија се поврзува со Косово и Црна Гора. За да се забрза изградбата, беше поделен на две делници: едната од граничниот премин до клучката Блаце, а другата од клучката кај спортскиот аеродромот „Стенковец“ до селото Блаце. Но, за шест години се изградија само два километри, кои не беа во функција бидејќи завршуваа во провалија. Косово го изгради неговиот дел од автопатот „Арбен Џафери“ од Приштина до граничниот премин „Блаце“, во должина 65 километри за шест години и тој е во функција веќе седум години

-Овој Коридор е исклучително значен зашто Македонија ја поврзува со Косово и со Црна Гора, на дневна основа многу патници поминуваат по него, а со поврзувањето и со Косово и со Црна Гора се отвора уште едно пристаниште за македонскиот бизнис, за македонското стопанство, тоа е пристаништето во Бар – истакна Николоски минатиот месец.