Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Свет

Трамп и Путин телефонски разговараа по повод 250 години од независноста на САД

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа телефонски разговараше со својот американски колега Доналд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа телефонски разговараше со својот американски колега Доналд Трамп по повод 250-годишнината од независноста на САД, соопшти Кремљ, појаснувајќи дека двајцата лидери разговарале за ситуацијата во Украина пред самитот на НАТО во Анкара.

„Претседателите природно го допреа прашањето за решавање на конфликтот во Украина, земајќи го предвид претстојното учество на Доналд Трамп на самитот на НАТО во Турција на 7 и 8 јули“, изјави дипломатскиот советник на Кремљ, Јуриј Ушаков, пренсен од руските медиуми.

„Американскиот претседател уште еднаш ја потврди својата подготвеност да работи на брзо завршување на борбите и наоѓање решение за надминување на кризата“, рече Ушаков.

Реклама

Тој додаде дека Русија се стреми кон „политичко-дипломатско решение на конфликтот“.

Ушаков рече дека Трамп и Путин за време на разговорот од еден час и 25 минути разговарале и за други меѓународни теми, како што се ситуацијата околу Иран и Блискиот Исток.