Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Балкан

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице

Големиот пожар што доцна синоќа избувна во солунското предградие Ореокастро, зафати бизниси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Големиот пожар што доцна синоќа избувна во солунското предградие Ореокастро, зафати бизниси и фабрики, беа евакуирани две села како и установа за лица со хронични заболувања, рано утрово беше ставен по контрола. По битката со огнените јазици што траеше во текот на ноќта, уапсен е 76-годишен маж за предизвикувањ ена пожарот.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос, за државната телевизија ЕРТ рече дека се фокусирани на гаснење на пожарот на фабрика за рециклирање, од која се издига густ чад, а поради правецот на ветерот, чадот се шири кон Солун.

Додаде дека „сите останати фронтови се ставени под контрола“.

Реклама

Според противпожарната служба на Грција, во пожарот што избувна околу 20.30 часот, интервенираа и продолжуваат да интервенираат 160 пожарникари со пет пешадиски тима и 52 возила, помагаат голем број волонтери и цистерни од периферијата, додека пак од раните утрински часови од воздух се гасне со два авиони и два хеликоптери.

Од бројот 112 за итни случаи во текот на ноќта беа испратени пораки до сите оние кои се наоѓаат во две населени места во близина на пожарот да се евакуираат.

Превентивно беа евакуирани и 153 лица од Установата за лица со хронични заболувања, дел од нив беа пренесени во општинската спортска сала, а потоа во хотели, додека пак 56 лица со проблеми со движењето беа пренесени во воена болница.

Пожарот предизвика голема материјална штета, која дополнително ќе се проценува, со оглед на тоа што изгореа домови и индустриски погони.

Доцна синоќа беше уапсен 76-годишен грчки државјанин, кој и според истрага и според неговото признание, го предизвикал пожарот со опасно возење на неговото возило, при што се создале искри што ја запалиле вегетацијата.

Во текот на истрагата било утврдено и дека мажот бил под дејство на алкохол.

Според податоците на противпожарната служба на Грција, од 1 јануари годинава до сега се изречени 516 административни казни во вкупен износ од 629.272,80 евра, а се по итна постапка биле уапсени 158 лица.