Реклама

Отстранувањето на урбана опрема прекина хуманитарна акција во Струга

Оперативните мерки – можност за остварување на посакуваните бизнис идеи

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Економија

Мицкоски: Со трговците ќе разговараме директно, без естрада, за зголемените маржи

Владата ќе разговара со трговските синџири кај кои се утврдени неоправдано зголемени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ќе разговара со трговските синџири кај кои се утврдени неоправдано зголемени маржи, но засега не би сакал да спомнувам имиња, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека разговорите ќе се водат директно и без јавни препукувања.

Одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел, Мицкоски рече дека не сака јавно да ги посочува маркетите пред да се одржат средбите.

-Не би сакал јас сега да спомнувам имиња. Тоа коешто мислам да го кажам, ќе го кажам во четири очи – истакна Мицкоски.

Реклама

Тој нагласи дека и претходно зборувал за ваквите прашања и дека негов пристап е отворена и директна комуникација со засегнатите страни.

-Во принцип, сум кажал за овие работи, не сакам да правам естрада. Дискутирам отворено, директно, во четири очи. Сакам и од таа страна да ги слушнам аргументите и да ги презентираме нашите наоди – рече премиерот.

Вчера Мицкоски од касарната „Илинден“ рече дека во одредени маркети нотирано е зголемување на бруто маржата споредена со минатата година од 2 до 5 проценти и дека трговците ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво. На денешната прес-конференција не прецизираше за колку трговски синџири станува збор, ниту кога ќе се одржат средбите.