Реклама

Фаризи: Владата се движи на прав пат и ги исполнува очекувањата на граѓаните

Решен проблемот со лекот за пациентите на дијализа во струшката болница

Над 1.200 проекти низ општините – Кавадарци добива современ спортски комплекс

Меѓуврсничко насилство: Се почесто или само повеќе видливо заради социјалните мрежи?

Мицкоски: вратен долг од претходната Влада во износ од 700 милиони долари

Мицкоски: Опозицијата го бојкотира изборниот законик да не испорачаме 10 од 10 од реформската агенда

Отстранувањето на урбана опрема прекина хуманитарна акција во Струга

Оперативните мерки – можност за остварување на посакуваните бизнис идеи

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

Прилози

Меѓуврсничко насилство: Се почесто или само повеќе видливо заради социјалните мрежи?

Дали агресијата меѓу децата и адолесцентите станува сѐ почеста или денес само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали агресијата меѓу децата и адолесцентите станува сѐ почеста или денес само полесно е видлива? Психолозите сметаат дека насилството не е нова појава, но денес добива поекстремни облици, иако не може со сигурност да се утврди дали е почесто од порано.

„Дел од нив постојано ќе прочитаме и на социјалните мрежи како ни велат дека, да, и во нивното време, и пред 10, 20, 30 години постоело врсничкото насилство, меѓутоа дека честопати не било во тој облик како што се случува денеска и дека денеска имаме многу посериозно и поизразено насилство и, на спектарот, едноставно насилството добива многу поголеми и посурови размери“, изјави Дора Попова Узуновски, психолог.

Неизбежно се наметнува и прашањето колкаво е влијанието на социјалните мрежи врз развојот и продлабочувањето на насилното однесување кај младите.

Реклама

„Социјалните мрежи се еден од тие фактори, меѓутоа секако дека тоа не е единствениот фактор, поради тоа што влијанието исто така го имаме и од родителите, го имаме и од училиштето и од целата социјална средина, за сѐ што може да влијае врз развојот на насилството кај децата“, изјави Дора Попова Узуновски, психолог.

„Сите оние места каде што децата го поминуваат времето, каде што учат, каде што се социјализираат, така што прашањето е како го поминуваат времето, што учат, со какви модели и примери се опкружени“, изјави Розалија Секулоска, психолог

Според психолозите, несомнено е дека дигиталниот свет го прави насилството повидливо отколку во минатото, кога јавноста не можела толку често да сведочи на ваквите настани и овој проблем не се третирал сериозно како денес. Велат, можноста денес отворено да разговараме за оваа тема укажува на тоа дека свесноста за сериозноста на оваа појава е порасната и е чекор кон тоа како општество заедно да придонесеме кон негово намалување.