Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Неготинец се удавил во Вардар кај Црвени Брегови

Неготинец се удавил во Вардар кај неготинско Црвени Брегови, оваа информација денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неготинец се удавил во Вардар кај неготинско Црвени Брегови, оваа информација денеска ја потврдија од Територијалната противпожарна единица во Неготино и Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа околу 20 часот во водите на реката Вардар, во неготинско, пронајдено е телото на Ј.К., 66-годишник од Неготино. На 03.07.2026 во 15:55 часот во ОВР – Неготино, Ѓ.К., на возраст од 42 години од Неготино, пријави дека се сомнева дека неговиот татко Ј.К., 66-годишник од Неготино, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, кај село Црвени Брегови, неготинско, затоа што бил недостапен, а кога тргнал да го бара, дел од опремата за риболов пронашол во реката – појаснија од СВР – Велес.

Веднаш од страна на полициски службеници од ОВР – Неготино, неготинската Територијална противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и други лица биле преземени мерки за пронаоѓање на Ј.К., по што околу 20 часот било пронајдено телото и извлечено од водите на реката Вардар.

Реклама

Лекар од Итна медицинска помош – Неготино констатирал смрт без траги на насилство и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.