Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Јавна расправа за новата еколошка дозвола на „Титан Усје“

Титан Усје се наоѓа пред нова еколошка дозвола што ќе го одреди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Титан Усје се наоѓа пред нова еколошка дозвола што ќе го одреди начинот на работење на фабриката во наредните седум години. Претставници на институциите, граѓаните и невладините организации се собраа во иста просторија и јавно ги кажаа своите ставови.

Од Министерството за животна средина велат дека постапката се спроведува согласно законските процедури, а новата дозвола ќе ги содржи условите што произлегуваат од новиот закон изработен според сите европски стандарди.

„Постапката трае согласно сите законски процедури и законски прописи. Новата дозвола која што ќе ја добијат за сигурно ќе биде заснована врз новите услови кои што произлегуваат од новиот закон за контрола на индустриски емисии. Сите дозволи до сега ќе претрпат измени започнувајќи од новата година.“- вели Беса Татеши од Министерството за животна средина.

Реклама

Од Титан Усје  нагласуваат дека веќе досегашната работа е слика на сите европски стандарди, а фабриката ги почитува сите законски прописи.

„Во нашата апликација се опишува како инсталацијата работи сега, а работиме според она што е пропишано според закон, ние ќе работиме според важечките закони и ние нема никогаш да ги надминуваме пропишаните дозволи што се сега а ни во иднина.“- вели Наташа Бакреска, менаџер за животна средина и алтернативни горива од Титан Усје.

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ велат дека нивните досегашни предлози не се вградени во документите. Иако очекуваат трнлив пат, сепак остануваат на нивните ставови и барања.

„Мониторингот и известувањата за мерењата на емисиите се на многу ниско ниво, се репортира за многу малку емисии, да речам за 30% од емисиите. Се останато што е тешки метали, диоксини, фурани и канцерогени работи воопшто не се известуваат, а се барања во европските стандарди. Бараме мониторингот да биде засилен, транспарентен и јавен.“- вели Марија Манолчева од „Стоп за Усје“.

Од Министњерството за животна средина идната недела најавуваат средба со претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ со цел повторно да ги слушнат нивните забелешки и барања.