Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Прилози

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

До крајот на оваа година нема да има казина и обложувалници во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на оваа година нема да има казина и обложувалници во близина на основните и средните училишта. Ќе исчезнат и светлечките и агресивни реклами со кои досега луѓето се залажуваа да учествуваат во игрите на среќа. Со новите измени на законот кои беа изгласани вчера, ќе им се даде рок на приредувачите на игри на среќа да ги спроведат новите правила во рок од шест месеци. Оние кои нема да го почитуваат законот ќе се соочат со високи казни. Граѓаните во целост го поддржуваат новиот закон. Има и такви кои се сомневаат во неговата ефикасност и бараат уште поригорозни мерки.

„Го подржувам законот, требаше уште порано да се донесе. Сепак мислам дека се тоа треба да се укине.“– велат граѓаните.

Новиот закон предвидува сите коцкарници да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата. Значајни промени има и во рекламирањето. Се забрануваат агресивни реклами и билтени кои создаваат впечаток дека коцкањето дава пари и решенија за лични или пак социјални проблеми. Со новиот закон целта е да се тргне коцкањето од секојдневието особено кај младите и малолетниците. Од новиот закон нема да куртулат ниту оние кои приредуваат таканаречени „гивавеј“ наградни игри на интернет. Тие ќе мора да имааат посебна дозвола, а ќе плаќаат
и данок на државата. Лотариите и онлајн игрите на среќа ќе ги приредува исклучуво државна лотарија. Новитет е и поставувањето на ГПС системи на секој апарат  за коцкање што ќе биде поврзан со УЈП, со цел да се спречи нивното нелегално поставување. Од 60 до 120 милиони денари од профитот на игрите на среќа и понатаму ќе одат за инвалидски организации, здруженија за борба против семејно насилство и Црвениот крст. Од Владата очекуваат новите правила да придонесат за намалување на нелегалното приредување игри на среќа, подобра заштита на малолетниците, поефикасен инспекциски надзор и поголема усогласеност со европските и меѓународните стандарди.