Реклама

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Во релативно краток период, Македонија стана сведок на сè погрозоморни и морбидни убиства

Кој останува, а кој заминува – вечерва по 20 часот ќе се знаат имињата на новите министри во Владата

Нови авиолинии, 6 нови автопати, обнова на железницата: Македонија станува нова раскрсница на Балканот

Од бизнис-идеја до сопствена работилница, младите охриѓани заинтересирани за мерките за самовработување

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Македонија

Алиу: Инвестициите во примарното здравство значат подобри услови за пациентите и за здравствените работници

Министерот за здравство Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов“, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри.

Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за подрачјето на општината.

За реализација на оваа инвестиција се вложени пет милиони денари од буџетот, со што значително се подобрени просторните услови за работа и за престој на пациентите.

Реклама

Во рамки на активностите е извршено и уредување на дворот на објектот, при што се изградени и паркинг-места за потребите на пациентите. За оваа намена се инвестирани дополнителни еден милион денари.

-Со оваа инвестиција обезбедуваме подобри услови за спроведување на имунизацијата, поефикасна организација на работниот процес и поквалитетна услуга за граѓаните, особено за децата и нивните семејства.  Токму инвестициите во примарната здравствена заштита се инвестиции во здравјето на идните генерации. Наш приоритет е да создаваме современи, функционални и достапни здравствени установи во сите општини, затоа што секој граѓанин заслужува квалитетна здравствена услуга поблиску до местото на живеење- изјави министерот Алиу.

Од Министерството за здравство посочуваат дека ќе останат посветени на унапредување на инфраструктурните услови во здравствените установи низ државата, со цел обезбедување поквалитетна, подостапна и поефикасна здравствена заштита за сите граѓани.