Реклама

Од бизнис-идеја до сопствена работилница, младите охриѓани заинтересирани за мерките за самовработување

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Македонија

Државно финале на Плазма Спортските игри: 600 млади се борат за пласман во Сплит

Шестотини млади спортисти од четири региони денеска во Скопје се дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шестотини млади спортисти од четири региони денеска во Скопје се дел од финалето на државното првенство во рамките на „Плазма – Спортските игри за млади“ во Скопје и ќе се натпреваруваат за пласман на меѓународното финале во Сплит (17 – 22 август). Натпреварите се одвиваат во десет дисциплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал (2015), баскет 3х3, ракомет, одбојка, одбојка на песок, народна топка, тенис, шах, пинг-понг и атлетика. 

Министерот за спорт Борко Ристовски на отворањето на финалето во Општина Кисела Вода истакна дека реализацијата на настанот претставува исполнување на заложбите државата да стане дел од овој голем меѓународен проект. Тој нагласи дека поддршката за вакви настани ќе продолжи, бидејќи тие не се важни само поради резултатите, туку и поради вредностите што ги носат.

– Не е најважно кој ќе победи, туку децата да научат вистински вредности и да ги сфатат поразите како лекции што ќе ги направат подобри личности – рече Ристовски, додавајќи дека Владата и Министерството ќе продолжат да поддржуваат иницијативи кои го развиваат спортот и младите.

Реклама

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска, нагласи дека е чест што општината е домаќин на финалето. Таа посочи дека просторот каде се одржуваат натпреварите бил целосно обновен во изминатата година како резултат на заедничка соработка меѓу институциите.

– Заедно, со поддршка на Владата, Министерството за спорт, Општината и Град Скопје, направивме нов почеток и создадовме услови за одржување на вакви големи настани – истакна Стаменковска Трајковска, упатувајќи им порака на младите учесници да настапуваат тимски и да постигнат успеси и на меѓународната сцена.

Претставничката на организаторот, Елена Мицковска, порача дека ваквите настани имаат пошироко значење од самиот спортски натпревар.

– Спортот е движечка сила и најголем амбасадор на една држава, а токму младите спортисти го докажуваат тоа. Целта е да се поттикнат фер-плеј, толеранција и дружење, и да се изберат најдобрите кои ќе ја претставуваат Македонија на финалето во Сплит – рече Мицковска.

Плазма Спортските игри за млади годинава по првпат се одржуваат во Македонија. Станува збор за манифестација што одбележува 30 години постоење и важи за едно од најголемите аматерски спортски натпреварувања во Европа, со главна мисија да обезбеди бесплатен спорт за секое дете. Освен Македонија, во игрите учествуваат и Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.