Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Општина Кочани повторно ги санира оштетените клупи, апел за поголема грижа кон јавниот простор

Само две седмици по реализацијата на активностите за санација и обновување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само две седмици по реализацијата на активностите за санација и обновување на урбаната опрема, Општина Кочани повторно интервенираше поради нови оштетувања на клупите на повеќе локации низ градот.

При претходната акција, скршените делови од клупите беа заменети со нови, а урбаната опрема беше освежена и повторно ставена во функција. Сепак, како што информираат од Општината, несовесното однесување на поединци предизвикало нови оштетувања.

Службите за комунални дејности неделава извршиле увид на терен и повторно ги санирале оштетените клупи, со цел тие повторно да бидат достапни за граѓаните.

Реклама

Од Општина Кочани упатија апел до граѓаните одговорно да се однесуваат кон јавниот простор и да придонесат за зачувување на урбаната опрема.

-Само со грижа и почит кон заедничките добра можеме да создадеме поуредна, почиста и попријатна средина за сите, потенцираат од локалната самоуправа.