Реклама

Од бизнис-идеја до сопствена работилница, младите охриѓани заинтересирани за мерките за самовработување

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ:Системот Безбеден град дава мерливи ефекти, 40 отсто помалку жртви во сообраќајот

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики насочени кон модернизација и дигитализација, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики насочени кон модернизација и дигитализација, со цел да обезбеди поефикасни институции и повисок степен на безбедност за граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Системот „Безбеден град“, е еден од најзначајните проекти во таа насока, кој е усогласен со европските стандарди и претставува важен чекор кон подобрување на безбедноста во сообраќајот.

За имплементацијата на системот беа обезбедени сите потребни законски предуслови, а процесот се реализираше транспарентно. Пробниот период започна на 1 декември минатата година и веднаш ја покажа реалната состојба на патиштата.

Реклама

Во првите 24 часа беа регистрирани околу 110.000 прекршоци, од кои најголемиот дел се однесуваа на пречекорување на дозволената брзина, како и 5.000 поминувања на црвено светло и околу 1.000 нерегистрирани возила.

Веќе по првиот ден беше забележан значителен пад на бројот на прекршоци, кој се намали за речиси 50 проценти. До официјалниот почеток на целосната примена на системот, на 1 февруари 2026 година, дневниот број на прекршоци се сведе на околу 500 до 600, што претставува намалување од повеќе од 99 проценти во споредба со почетокот на тестирањето.

Овие показатели потврдуваат дека системот има силен превентивен ефект и придонесува за поодговорно однесување во сообраќајот.

Основната цел на „Безбеден град“ е да се намали бројот на тешки сообраќајни несреќи и да се спасуваат човечки животи, во согласност со стратешката определба до 2030 година значително да се намалат смртните случаи и тешките повреди на патиштата.

По воведувањето во Скопје, Тетово, Куманово, на коридорите 8 и 10 и во Велес, системот продолжува да се проширува. Во изминатиот период беа поставени камери кај Ново Село во општина Дебарца, а започна и постепената имплементација во Охрид.

Најзначајно е што денес може да се зборува за конкретни и мерливи резултати. Во првите пет месеци од примената на системот, бројот на загинати во сообраќајни несреќи е намален за 40 проценти, од 55 жртви во истиот период минатата година на 33 оваа година.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на спроведување политики што обезбедуваат поголема сигурност за граѓаните. Проширувањето на системот ќе продолжи, затоа што безбедноста на граѓаните останува еден од највисоките приоритети.