Реклама

Од бизнис-идеја до сопствена работилница, младите охриѓани заинтересирани за мерките за самовработување

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Македонија

Комората за интегрирано приватно здравство стана дел од ССК

Комората за интегрирано приватно здравство (КИПЗ) стана дел од Сојузот на стопански…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комората за интегрирано приватно здравство (КИПЗ) стана дел од Сојузот на стопански комори. Со тоа, оценуваат од КИПЗ, приватното здравство добива свој организиран, легитимен и кредибилен глас во рамки на бизнис заедницата во Македонија. 

– Денес, ја отвораме првата страница од институционалниот живот на Комората за Интегрирано Приватно Здравство. Пред нас е обврската да ја оправдаме довербата што ни е укажана и да покажеме дека приватното здравство знае да се организира, да предлага решенија и да биде конструктивен партнер во креирањето на здравствените политики. Верувам, дека ова е почеток на една успешна приказна која заеднички ќе ја градиме, вели Татјана Велиновска – Димовска, иницијатор на идејата.

Изразувајќи благодарност до раководството на ССК за укажаната доверба, Велиновска – Димовска нагласува дека влезот во ССК не значи само институционално членство, туку признание за значењето на приватното здравство како значаен економски сектор и партнер во развојот на државата.