Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Прилози

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ја задавил поранешната сопруга, ја однел во шума, ја покрил со гранки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ја задавил поранешната сопруга, ја однел во шума, ја покрил со гранки и листови, па ја пријавил за исчезната. Потоа на сон му се јавила и му кажала каде да ја бара.  Ја пронашол и веднаш ја известил полицијата. Ова се новите детали за грозоморното убиство на 48 годишната жена во Таор.

Осмничениот со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во шума во Летевци каде што ја нападнал и и го одзел животот. Со едната рака ја давел додека со другата истовремено и ги притискал носот и устата. Жената и покрај сите напори да се одбрани се задушила.

„На 27 јуни, на тројца познаници им кажал дека знае каде се наоѓа жената, бидејќи му се појавила во сон и му кажала каде да оди за да ја спаси. Сите со возило се упатиле кон локацијата каде го забележале телото на жената и пријавиле во полиција.“- пишува во соопштението на ОЈО.

Реклама

Од МВР соопштија дека телото било пронајдено во фаза на распаѓање, а по извршената обдукција потврдено е дека станува збор за убиство. Од Обвинителството дополнително посочуваат дека јавниот обвинител оценил дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и поради тоа на осомничениот му е определена мерка притвор.

„Прифатен предлогот и определна мерка притвор од 30 дена против С.Г., осомничен за кривично дело Убиство чл. 123 ст.2 т.3 ( при семејно насилство ). Предлогот е прифатен заради постоење на основите од точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и сторување ново кривично дело.“- велат од Основен кривичен суд Скопје.

Инаку уште во петокот 50 годишниот маж ја пријавил жена му за исчезната, а веднаш утредента пријавил дека ја пронашол починатата во тешко пристапна шума. По полниќ, во неделата, полициски службеници пошле на пријавената локација и го нашле телото на починатата.