Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

По неколку години пауза, политиката на проширување на Европската Унија доби нов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По неколку години пауза, политиката на проширување на Европската Унија доби нов импулс и мислам дека сега е времето и Македонија да стане полноправна членка на европското семејство, изјави министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис по средбата со македонскиот колега, Тимчо Муцунски.

Војната во Украина го промени геополитичкиот курс на ЕУ и сега е јасно дека Унијата ќе се проширува, додаде тој.

Ова е шанса која мора да се искористи, проширувањето на ЕУ сега се потпира на геополитичките потреби. Главниот фактор кој мора да се земе в предвид е војната во Украина. Имаше пауза во процесот, имаше суштински дебати дали е потребно проширување, дали се потребни институционални реформи на ЕУ, но сега е јасно дека ЕУ треба да се проширува. Главниот фокус е врз Украина, таа е главната локомотива, но постојат различни предизвици за земјите од Блаканот“, изјави Будрис.

Реклама

Сепак, Будрис потврди дека не е возможно да се дадат гаранции дека во текот на преговарачкиот процес, нема да следуваат нови уцени од Бугарија или од било која друга членка кон македонската страна, под предуслов претходно да се изгласаат уставните промени.

Муцунски потврди дека тој и државниот врв се свесни дека 26 земји членки на Унијата сакаат да ја видат Македонија како дел од ЕУ, но билатералниот спор Бугарија е единствената пречка за тоа.

Претседателката на државата, престедателот на Владата, велиме да, го чувствуваме овој момент. Посебно после Тиват се чувствува енергијата за придвижување на регионот. Нема никаква дилема кај нас. Но ние нема да дозволиме да се реализира тој ризик, да ние ги направиме таквите одлуки и да повторно имаме ваков тип на разговори и ваков тип на пресконференции каде ќе бидеме во ситуација да една земја членка не блокира“, истакна Муцунски.

Шефот на македонската дипломатија порача дека Македонија е апсолутно посветена на изнаоѓање на решение на проблемот со Бугарија, најавувајќи дека од наша страна постојано има волја за продолжување на преговорите.