Реклама

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

Македонија

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Потпретседателот на Собранието и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Собранието и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој беше дел од работната група за измени на Изборниот законик, денеска објави дека Левицата, чии претставници учествуваа во изготвувањето на предлог-законското решение, не сакаат да го потпишат, иако добар дел од нивните предлози бил вграден во предлог-измените за што постојат записници.

Милошоски вели дека предлог-измените на Изборниот законик ќе бидат поднесени со сите усогласени измени според препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но без измените во членот 76-д, кој се однесува на средства за изборно рекламирање, за што Левицата треба да поднесе амандман. 

– За овој член ќе биде оставена можност Левицата да поднесе амандман според усогласениот компромис што го предложија на работната група и тој ќе биде поддржан. Она што е договорено чесно е да се почитува, без разлика што копредлагач за распределбата на буџетските средства за рекламирање беше Левицата. Не е коректно на работните средби да се бараат буџетски пари за рекламирање, а во јавноста да се глуми девственост и жртва на наводен заговор – пишува Милошоски на „Фејсбук“. 

Реклама

Темата за измени на Изборниот законик, како што наведува, беше отворена на лидерската средба во јануари оваа година. Сите партии/коалиции, освен отсутниот СДСМ, се согласија дека според реформската агенда до крајот на јуни ќе се поднесат предлог-измените на Изборниот законик, со вметнување на препораките на ОДИХР. И ВМРО-ДПМНЕ, и ДУИ, и „Влен“, и Левицата го потврдија овој став. Во согласност со овој став од лидерската средба на 9 март, во Министерството за правда почнаа состаноците на работната група за измени на Изборниот законик, со претставници од сите политички партии, со тоа што СДСМ потоа донесе одлука да се повлече од овие разговори. Се работеше по препораките на ОДИХР, врз основа на кои партиите даваа свои предлози за измени на Изборниот законик. За голем дел од дискусиите беше постигнат компромис и добар дел од предлозите на Левицата беше вграден во предлог-измените за што постојат записници – пишува Милошоски на „Фејсбук“.

Тема што предизвика поголем интерес на работните средби бил членот 76-д, што се однесува на средства за изборно рекламирање, за кој од ВМРО-ДПМНЕ дале предлог соодносот на бројот на пратеници да биде објективен критериум за користење на 97 % од овие средства, а 3 % да бидат на располагање на партиите што немаат пратеници во Собранието, но за него не бил постигнат консензус. Согласност била постигната за предлог што го дале ДУИ и Левицата. 

– Две партии не се согласија со овој предлог и за него не се постигна консензус. Го прифативме тоа како реалност и продолживме прагматично да разговараме со цел да се дојде до консензус. Потоа на темата средства за изборно рекламирање со конкретни предлози и проценти излегоа ДУИ и Левицата, при што на крајот сите други партии се согласија на компромисот што произлезе од овие два предлози, тој гласеше: 42 % за двете најголеми партии од позицијата, 42 % за двете најголеми партии од опозицијата, 8 % за партиите што имаат пратенички групи, а не се меѓу четирите најголеми, 5 % за партиите што немаат пратенички групи и 3 % за вонпарламентарните партии/група избирачи. Никаков заговор, никакви интриги. Напротив, Левицата како копредлагач на ова решение даде сериозен придонес во буџетската распределба на средствата. Прифаќањето на овој предлог беше нотирано во записникот на Министерството за правда – наведува Милошоски.

Но иако беа копредлагачи на ова решение, потенцира Милошоски, денеска пратениците Крмов и Реџеп Исмаил известиле дека нема да бидат потписници на предлог-измените на Изборниот законик, иако на тоа се согласија и на лидерската средба и за време на состаноците на работната група во Министерството за правда.

– Поточно, побараа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, „Влен“, ДУИ и ЗНАМ да го поднесат предлогот за измени на Изборниот законик, да го изгласаат, со напомена дека доколку Левицата ги добие побараните пари за изборно рекламирање, ветуваат дека нема да го блокираат законот. Многу непринципиелно одбегнување да се преземе одговорноста за законски измени во чие подготвување учествуваше токму Левицата. Затоа предлог-измените на Изборниот законик ќе бидат поднесени со сите усогласени измени според препораките на ОДИХР, но без измените во членот 76-д. За овој член ќе биде оставена можност Левицата да поднесе амандман според усогласениот компромис што го предложија на работната група и тој ќе биде поддржан. Она што е договорено чесно е да се почитува, без разлика што копредлагач за распределбата на буџетските средства за рекламирање беше Левицата. Не е коректно на работните средби да се бараат буџетски пари за рекламирање, а во јавноста да се глуми девственост и жртва на наводен заговор – објаснува Милошоски.