Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ВРЕДИ: 24 месеци во служба на граѓаните

ВЛЕН одбележа 24 месеци владеење под мотото „Транспарентност и отчетност“, докажувајќи дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВЛЕН одбележа 24 месеци владеење под мотото „Транспарентност и отчетност“, докажувајќи дека промената е можна кога постои волја. Пред две години, ВЛЕН презеде голема одговорност: да ја врати довербата на граѓаните во политиката што работи. Не со зборови и бескрајни оправдувања, туку со одлуки што се спроведуваат, проекти што се реализираат и резултати што го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Во текот на овие 24 месеци се реализирани реформи и проекти кои со години биле само ветувања. Закони од стратешко значење, инвестиции во општините со албанско население, поддршка за економијата, образованието, здравството, земјоделството и локалниот развој, како и инфраструктурни проекти што ја менуваат состојбата на терен, се доказ дека одговорното владеење носи резултати.

Важен столб на овој процес беше и унапредувањето на застапеноста и улогата на Албанците во државните институции, како и зајакнувањето на нивниот глас во процесот на одлучување. ВЛЕН беше активен дел од оваа промена, претворајќи ја застапеноста во пракса и зголемувајќи го институционалното влијание во локалните и државните процеси.

Реклама

Билансот на овие две години покажува дека промената не се гради на реторика, туку на работа, одговорност и конкретни резултати. Ова е стандардот што ВЛЕН го постави во владеењето, владеење во кое Албанците имаат посилна улога во институциите, каде одлучувањето носи ефект и каде политиките се претвораат во подобрување на животот на граѓаните.

Овој правец ВЛЕН ќе продолжи да го следи и во иднина: со повеќе одговорност, поголема ефикасност и повеќе резултати за секој граѓанин.