Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, денеска на прес- конференција ќе ги презентира досегашните активности, постигнатите резултати и идните приоритети во спроведувањето на политиките за интеграција и инклузија на Ромите.
Како што информираат од Кабинетот на министерот, прес-конференцијата ќе се одржи во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија.
