Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Собранието ќе одржи три седници

Собранието денеска ќе одржи три седници, 109., 105. и 104., во чии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе одржи три седници, 109., 105. и 104., во чии рамки ќе бидат разгледани повеќе предлог-закони, извештаи и предлог-одлуки.

Пратениците на 109. седница ќе ги разгледаат предлог-одлуката за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Македонија, пополнетиот предлог-закон за игрите на среќа и за забавните игри во второ читање, предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата, по скратена постапка, како и Предлогот на закон за јавни претпријатија и трговски друштва во сопственост или со учество на Македонија, по скратена постапка.

На 105. седница, на која има неколку точки, пратениците од пратеничките групи во опозиција и пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група, по утврдувањето на дневниот ред, ќе поставуваат пратенички прашања.

Реклама

Во рамки на 104. седница се Предлогот за избор на член на Судскиот совет на Македонија, Предлогот на закон за соодветна и правична застапеност во прво читање и Предлогот на закон за изменување на Законот за судовите, по скратена постапка.