Реклама

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

Нов земјотрес во Венецуела, продолжува потрагата по преживеани под урнатините

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата

Истрагата за петте тони марихуана запленети во Србија продолжува – Се проверува цел синџир

Тошковски со отчет: Најнизок криминалитет во последните 20 години, за 300 проценти зголемена заплена на кокаин, „Сејф Сити“ спасува животи

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Отчет на министерот Андоновски за проектите и активностите во изминатите две години

Македонија

Стефоски: Успешно издание на Струшките вечери на поезијата со богата програма и меѓународни автори

Овогодишното издание на Струшки вечери на поезијата беше успешно реализирано со околу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овогодишното издание на Струшки вечери на поезијата беше успешно реализирано со околу педесетина настани, со богата програма и учество на значајни домашни и странски автори, оцени уметничкиот директор на Струшките вечери на поезијата, Мите Стефоски.

Тој нагласи дека иако оценката за фестивалот е оставена на публиката и учесниците, досегашните резултати, подготовките и реализацијата на програмата укажуваат на успешно издание.

Меѓу гостите и учесниците, како што истакна, биле и голем број значајни современи поетски имиња, меѓу кои лауреатката Анеке Брасинга, Даниел Хајнс, Михаел Кригер, Ши Чуан и шкотскиот национален поет Питер Мекеј. Дел од авторите биле претставени и преку изданија во рамки на едициите „Мостови“ и „Плејади“, со што се овозможува дополнителна афирмација на нивното творештво.

Реклама

Стефоски посочи дека значајно место во програмата имало и претставувањето на домашната поетска сцена, преку тематската антологија „Камен и земја“, посветена на мотивите на каменот и земјата како инспирација во поетското творештво, а која е приредена од академик Иван Џепароски.

Тој нагласи дека фестивалот паралелно работи и на промоција на најзначајната македонска национална награда „Браќа Миладиновци“, при што од 2012 година традиционално се објавува превод на книгата на минатогодишниот лауреат на странски јазик. Овојпат делото „Рајсфершулс“ од Јулијана Величковска е објавено на англиски јазик.

Како дел од меѓународната соработка, Стефоски ја истакна и континуираната работа во рамки на европската платформа Версополис, во партнерство со 36 фестивали од Европа, преку која се промовираат поети кои се сметаат за значајни идни гласови на европската поетска сцена. Оваа година во рамки на програмата биле претставени и Ален Бешиќ од Србија и Гаја Џованоли од Италија, со тројазични избори од нивното творештво.

Во однос на програмските и организациските аспекти, Стефоски оцени дека враќањето на фестивалот во неговиот оригинален термин претставува позитивен чекор, кој не само што не го намалил квалитетот, туку придонел за подобра организација и за развој на дополнителни содржини.

Тој додаде дека ваквиот распоред овозможува и понатамошно сообразување на фестивалот со современите културни текови и отворање кон нови модели на соработка со образовните институции, како универзитетите, основните и средните училишта, со цел развој на публика за книжевноста и за поезијата.

-Целта на фестивалот е не само да ја промовира поезијата, туку и да придонесе кон развој на читателската култура и создавање публика која ќе ја разбира и цени книжевноста- истакна Стефоски.

Тој посочи дека фестивалот има и силна издавачка компонента, која останува како трајна вредност и белег во културниот простор, со што Струшките вечери на поезијата продолжуваат да имаат продолжено дејство и надвор од самите фестивалски денови.

Во рамки на програмата биле одржани и бројни дебати и разговори за книжевниот превод, книжевната комуникација, како и за предизвиците на современото творештво, вклучително и прашањата поврзани со влијанието на вештачката интелигенција врз уметноста.

Стефоски се заблагодари на медиумската поддршка, посочувајќи ја улогата на Македонската телевизија и на МИА во промоцијата на фестивалот, нагласувајќи дека ваквата покриеност е значајна за афирмација на културните настани од национално значење и за промоција на македонската поезија во поширок контекст.