Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Прилози

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата

Вештачката интелигенција наскоро ќе проговори на македонски јазик. Првите резултати од проектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелигенција наскоро ќе проговори на македонски јазик. Првите резултати од проектот „Везилка“ се очекуваат уште ова лето со дигитална алатка што треба да им помага на граѓаните да стигнат до посакуваните услуги. Наместо класично пребарување, алатката треба директно да ги води до услугата што им е потребна. Веќе од есен треба да почне нејзината примена во клучни области како здравството, земјоделството и енергетиката.

„На порталот услуги.гов.мк намерно не воведуваме алатки на вештачка интелегенција затоа што тие се базирани на некоја странска алатка. Со Везилка кога ќе дојдете на порталот нема вие да пребарувате услуги туку порталот ќе ве прашува и ќе биде агент или поддршка за тоа што ви е потребно и ќе стигнувате многу побрзо до посакуваната услуга наместо да пребарувате, а ние позадински ке имаме анализи, податоци информации, ова е само една од примените.“- вели Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација.

Инаку новото министерство за дигитална трансформација основано од Владата засега според човекот кој го води ги дава очекуваните резултати. За само две години – институции  разменуваат елетронски меѓусебно податоци, без губење време се да се носи на хартија, повеќе услуги на едно место и побрза администрација. Во својот отчет за сработеното во изминативе две години, министерот Стефан Андоновски истакна дека од стагнација и наследен нефункционален систем, функционираме современо.

Реклама

„Овој портал беше замислен како централна дигитална врата до услугите на државата, но со години беше недоволно развиен и недоволно користен. Денес состојбата е поинаква. Бројот на електронски услуги на порталот се зголеми од 120 во 2024-та година, на 352 во 2026-та година. Тоа е раст од 193 отсто. Месечниот број на издадени услуги се зголеми од 1.354 во 2024-та година, на 13.435. Тоа е раст од 892 процента, скоро девет пати поголем број на издадени услуги. Бројот на корисници порасна од 110.000 на 267.000, а вкупниот број на поднесени барања се зголеми од 64.000 на 340.000,“ рече Андоновски.

Од министерството дополнително најавуваат и нови проекти. Нови електронски услуги, целосна реализација на апликацијата наменмета за мобилните телефони, наречена м-услуги со дигитален паричник, зајакнување на сајбер безбедноста и едукација на децата за дигитална писменост уште од најрана возраст .