Реклама

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Македонија

ОМД го почна јубилејното 10. издание на програмата Birthright Macedonia

Во Куќата на Робевци во Охрид, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) го почна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Куќата на Робевци во Охрид, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) го почна јубилејното 10. издание на програмата Birthright Macedonia, одбележувајќи една деценија посветеност на повторното поврзување на младите Македонци од целиот свет со нивната татковина.

Ова јубилејно издание вклучува осум учесници кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија и Германија, кои во наредните три недели ќе живеат, учат и работат во Македонија преку оваа уникатна програма што овозможува професионална пракса, културна размена и едукативни активности. Особена благодарност упатена до Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), кој заедно со ОМД ја воспостави оваа програма и беше значаен партнер во нејзината реализација во изминатите години.

Учесници во програмата Birthright Macedonia 2026 се: Николас Симовски (САД) – Пракса во Завод и Музеј – Охрид, Мирко Алмоски (САД) – Пракса во Младински центар Охрид
Никол Дамијанидис (Канада) – Пракса во Касарна ХАБ, Евелин Боско (САД) – Пракса во Младински центар Охрид, Мариа Стојановски (САД) – Пракса во Костал Македонија
Александра Митрушевски (САД) – Пракса во А.Д. Охрид, Ангела Макреска (Австралија) – Пракса во Завод и Музеј – Охрид и Никола Здравковски (Германија) – Пракса во Костал Македонија.

Реклама

Во текот на програмата, учесниците ќе стекнат професионално искуство усогласено со нивните академски и кариерни интереси, а истовремено ќе имаат можност да се запознаат со богатата историја, култура, институции и иновативниот екосистем на Македонија. Покрај практикантската работа, тие ќе се сретнат со претставници на државните институции, бизнис заедницата, претприемачи и дипломатскиот кор, а ќе посетат и значајни културни и историски локалитети низ земјата. Програмата вклучува и настани за вмрежување во Охрид, Битола и Скопје, како и можности за запознавање со македонските традиции, културното наследство и природните убавини.

Свеченото отворање на програмата се одржа вчера, во Куќата на Робевци во Охрид, каде што учесниците, менторите, партнерите, алумни членовите и почесните гости, заеднички го одбележаа почетокот на овогодинешното издание, како и значајниот јубилеј – 10 години од програмата Birthright Macedonia.