Реклама

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Македонија

Конференција – Спорт без бариери: современи методологии, практики и можности за инклузивен спорт

Во просториите на Јуроп Хаус во Битола, вчера се одржа завршната конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Јуроп Хаус во Битола, вчера се одржа завршната конференција на проектот на Европската Унија „NO1BEHIND“ („Никој зад“), чија цел е да го зголеми учеството на децата и младите со попреченост во спортот и да промовира активен начин на живот како основа за порамноправно и инклузивно општество.

Координатор на проектот е Гордана Цветковска Бошевска од Центарот за активни млади – Битола во партнерство со организации кои работат со млади со попреченост од Шпанија и Португалија.

На конференцијата, како што соопштија од Центарот за активни млади – Битола, бил презентиран Прирачник со искуствата и препораките на сертифицираните тренери за спорт со попреченост од проектот кој ги содржи основните практични методолоогии, принципи, адаптации и примери што можат да се применат во различни спортови и физички активности за лица со различни видови на попреченост.

Реклама

-Конференцијата предизвика големо внимание кај децата и кај родителите со деца со попреченост и истата беше посетена од 85 лица, велат од Центарот за активни млади – Битола.