Реклама

Отчет на министерот Андоновски за проектите и активностите во изминатите две години

Измени во Законот за игри на среќа – ќе помогнат ли за намалување на зависноста од коцкање?

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Македонија

Со две ретроспективни изложби во Крива Паланка, одбележан јубилејот 40 години Меѓународна ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски”

Импозантни дела од врвни македонски и светски уметници од сите континенти, создавани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Импозантни дела од врвни македонски и светски уметници од сите континенти, создавани во изминатите четириесет години во рамки на Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски” што се одржува во духовниот амбиент на истоимениот манастир во Крива Паланка, синоќа беа изложени на две ликовни постановки како ретроспектива на работата на колонијата, со што симболично се одбележа јубилејот 40 години постоење на колонијата. Првата изложба е поставена во Националната установа Центар за култура Крива Паланка, каде се чуваат вкупно 231 дело од колонијата, а втората во ЛУ Градски музеј Крива Паланка, изложба од делата на манастирската поставка и од музејот.

-Четириесет години или четири децении постоење на колонијата се колку еден работен век. Оттука, се надевам дека не следува пензија,туку уште поголем развој и раст на работата на колонијата. Благодарност најпрвин до сите што придонесуваат оваа колонија да се одржува, до МПЦ- ОА, Кумановско -Осоговска епархија, сите досегашни митрополити и г. Григориј, до градоначалникот и сите претходни градоначалници кои, секој на свој начин допринесоа за поддршка на колонијата, до Министерството за култура и туризам за континуираната поддршка и институциите од областа на културата од општината, Центарот за култура и музејот. Амбиентот на манастирот и неповторливиот простор им даваат посебна инспирација на сите што доаѓаат и творат, така што сите дела се до посебна вдахновеност од сакралниот простор на прекрасниот духовен простор, рече Стевче Ристовски, претседател на колонијата.

Директорот на НУЦК Крива Паланка, Сашко Додевски, рече дека кога ќе се споменат 40-те години јубилеј, стануваме свесни за тоа колку оваа колонија значи и има оставено трајно богатство за нашето културно наследство, не само на локалната заедница, туку и на нацијата.

Реклама

-Со Нацрт – програмата за 2027 година, НУЦК Крива Паланка аплицира во Министерството за целосна дигитализација и процес на проценка и валоризација на збирката, за да може во соработка со управата за заштита на културното наследство истата да се најде во регистарот на национално културно богатство и ќе биде збирка од трајна вредност за нашата држава, изјави Додевски.

Во четири децении постоење на колонијата твореле уметници од над 40 земји од сите континенти, сликари, графичари, вајари, мултимедијални уметници, а создадени се над 500 дела кои се дел од збирката на Националната установа Центар за култура Крива Паланка и ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

-Петти септември 1987 година, денот на основањето на колонијата, по мене, беше ден на провидение во кој Крива Паланка ја оствари својата потреба за дефинирање на својот културен, духовен и цивилизациски простор. Тогаш манастирот ги отвори ширум портите за културата и духовноста. Оттогаш, манастирот “Св.Јоаким Осоговски” не е само јадро каде уметниците творат по слободен тематски израз,туку беше место каде минатото и сегашноста се допреа засекогаш во една точка, рече проф.Јордан Михајловски, еден од основачите и почесен координатор на колонијата.

Тој направи реминисценција на моментите кога на конакот во манастирот во 1987 го повикале големиот сликар Петар Мазев и познатиот сликар Димитар Стојчевски,кои,рече, уживајќи во хармонијата на просторот и синфонијата на тишината, му ја соопштиле идејата за основање колонија,а големиот Мазев рекол:” Тишината е благородна,а молкот ме убива. Зарем не може во оваа божја убавина да се случува нешто што нема да го наруши манастирскиот ред и кодекс, а ќе се вклопува и духовно и амбиентално тука”?.

Така се зачнала иницијативата и колонијата до денес успешно опстојува и се развива како културна препознатливост на општината и државата.

-Ваквите трајни вредности не се создаваат сами по себе, тие се чуваат, негуваат и се оставаат како аманет на генерациите што доаѓаат. Токму затоа Општина Крива Паланка ќе продолжи да ја поддржува културата, бидејќи веруваме дека културата е темелот на едно општество, рече градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, прогласувајќи ја изложбата во музејот за отворена.

Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски” свечено ќе биде затворена со изложба од новосоздадените дела, во галеријата на манастирот, на стариот конак.