Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Со средства од ЕУ фондовите ќе се изврши доизградба на пешачката патека кон манастирит „Св. Јоаким Осоговски“

Доизградба на пешачката патека кон манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“, на потегот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доизградба на пешачката патека кон манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“, на потегот Бабин Дол, е најновата инвестиција што ќе ја реализира Општина Крива Паланка за подобрување на туристичката инфраструктура и поголема пристапност до еден од најзначајните духовни и културно-историски локалитети во државата. Инвестицијата е дел од новиот европски проект од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Србија.

Проектот е насочен кон создавање нови можности за развој на верскиот, културниот и активниот туризам.

-Овој проект претставува уште една потврда за успешната работа на Општина Крива Паланка во подготовката и реализацијата на европски проекти, како и за нејзината лидерска позиција меѓу македонските општини во искористување на средствата од Европската Унија, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска при потпишување договорот за финансирање на овој нов проект за прекугранична соработка што ќе се реализира во партнерство со Град Лесковац, Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот округ и Народниот музеј Лесковац.

Реклама

Вкупната вредност на проектот изнесува 624.753,71 евра, од кои 499.303,17 евра се грант средства обезбедени од Европската Унија, а за активностите во Општина Крива Паланка се предвидени околу 200.000 евра.

Митовски истакна дека Општина Крива Паланка останува посветена на креирање и спроведување на развојни проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните, ја подобруваат локалната инфраструктура и поттикнуваат економски и туристички развој на општината.