Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

Клубот за младински прашања и политики одржа средба со практиканти од Тексас

Во македонското Собрание денеска гости беа практиканти од Тексас преку програмата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во македонското Собрание денеска гости беа практиканти од Тексас преку програмата на Националниот Демократски Институт (НДИ). Во рамките на оваа посета, тие реализираа средба со престедателката на Клубот за младински прашања и политики, Драгана Бојковска, како и со членовите на Клубот за младински прашања и политики, Петар Марков, Мартин Стојановски и Моника Зајкова.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, станало збор за улогата на младите и нивната улога во општествените и политичките случувања во нашата земја. Исто така, истакнаа дека треба да се поттикне активното вклучување на младите во процесот на пристапување кон Европската Унија и дека тоа е од суштинска важност за иднината на државата.

-Во текот на средбата се дискутираше за младинското учество во политики кои се спроведуваат во земјава, младинските организации, локалните младински совети, волонтерството преку кои младите можат активно да се вклучат во носењето одлуки што директно влијаат врз нивната иднина. Исто така се зборуваше и за Европската интеграција, каде што беа согласни дека тоа ќе отвори нови можности за образование, вработување и развој, но истовремено останува предизвикот на иселувањето на младите, се вели во соопштението од Собранието.

Реклама

На средбата било заклучено дека мора да се работи на создавањето на подобри услови за живот, работни места и поголемата доверба во институциите бидејќи, како што било посочено, тоа е клучно за младите да ја градат својата иднина дома.

Оваа средба била можност практикантите од Тексас да се запознаат со активностите на нашето Собрание, како и со улогата и придонесот кој го има Клубот за младински прашања и политики.