Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Нарушените односи со Бугарија за жал не се резултат на само политичка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нарушените односи со Бугарија за жал не се резултат на само политичка одлука, туку на државна стратегија на источниот сосед која датира уште од 1968 година со прифаќањето на еден историски памфлет за Македонија и македонската нација и историја од страна на бугарската академија на науки и уметности, вели универзитетскиот професор Јове Кекеновски.

Тој смета дека бугарскиот наратив добил на сила, со прифаќањето на првиот и вториот протокол со Бугарија, од страна на поранешната македонска влада.

-Вториот протокол стана дел од преговарачкиот процес. Тука се работи за системска државна стратегија, а не се работи персонален проблем, за партиски проблем, која има за цел да доведе до релативизирање на македонскиот национален идентитет – вели Кекеновски.

Реклама

Во вчерашното јавно обраќање, премиерот Христијан Мицкоски посочи дека додека Владата е фокусирана на реконструкција и реализација на своите приоритети, одредени политички фигури водени од ниски страсти, водат организирана кампања.

  • Изјава Христијан Мицкоски, премиер

Ние сме зафатени со реконструкцијата, а слободниот простор го користат еден или двајца политички ликови за промоција на нешто што никој не може да го прифати. Ова е поширок обид за влијание – изјави Мицкоски.

Кекеновски жали што бугарска пропаганда наоѓа на „плодна почва“ во делови од опзицијата во Македонија.

Се надевам дека коалициските партии се стабилни и сметам дека нема да направат штета, но исгурен сум дека се обидуваат да направат штета. И мене ми е жал што опозициските партии подлегнуваат на тоа, наместо да бидат во функција на одбрана на националниот идентитет и дигнитет – додава Кекеновски.

Според премиерот, протекнувањето на дипломатската нота за патот и обезбедувањето на членови на неговото семејство во Бугарија е показател дека односите со Бугарија се нарушени, иако тој е секогаш подготвен за разговор и надминување на меѓусебните недоразбирања.