Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе ја одржи амандманската расправа за Предлог законот за соодветна и правична застапеност.
За законот, како што е објавено на веб-страницата на Собранието, поднесени се 31 амандман.
Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи амандманската расправа за Предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри.

Седница ќе одржи и Законодавно – правната комисија.
