Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Прилози

Волци од ЗОО Скопје избегале од кафезите и усмртиле кенгури и птици

Хаос во Зоолошка градина – Скопје. Опасни бели волци избегале од своето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хаос во Зоолошка градина – Скопје. Опасни бели волци избегале од своето живеалиште и ги нападнале животните од околните кафези. Инцидентот се случил во саботата. Ископале дупка под својот кафез, убиле четири кенгури, а нападнале и неколку ему птици. Според неофицијални извори, алфа телевизија дознава дека по неколкучасовната брканица со вработените, тие ги фатиле овие крволочни животни и ги вратиле назад во своето живеалиште- повредени нема..Од зоолошката градина ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата, директорката не одговара на повиците, а недостапни се и дел од вработените кои ги контактираше Алфа. Невладините организации и здруженија веднаш реагираа. Од Анима Мунди бараат итна истрага, транспарентност и санкции за одговорните.

И не,  не е несреќен случај. Ова е алармантен показател за системски колапс, негрижа и отсуство на професионално управување со институција која чува живи суштества зад решетки и за која постојано се издвојуваат јавни средства.

Итно и јавно да се истражи колку време бил компромитиран просторот од кој избегале волците? Кој бил задолжен за надзор? Кога последен пат биле извршени безбедносни проверки? Зошто не биле применети протоколи за спречување на трагедијата? 

Реклама


Пред два месеци скопската зоолошка градина одбележа 100 години постоење. Новата директорка тогаш кажа дека зоолошката ја затекнала во катастрофална состојба. Најави нови инвестиции и модернизација, со цел подобрување на условите, реновирање на старите живеалишта и враќање во Европската асоцијација на зоолошки градини. Во ЗОО има околу 500 животни од 100 видови, а градината е основана во 1926 година.

Мила Тодорова