Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците на село Студеничани спроти „Волталед“ во општина Студеничани, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, пренесувајќи известување од ЕВН Македонија.
РЦУК-Скопје соопшти и за прекин на водоснабдување од 9 часот изутринава за корисници од дел од ул. „Салвадор Аљенде“, поради уличен дефект на таа улица кај бр.69. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
