Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

Филков до опозицијата: Во првите две години носиме повеќе од 30 реформски закони со кои ги исправаме долгогодишните слабости во системот

Министерот за правда Игор Филков на амандманската расправа за Предлог-законите за судска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Игор Филков на амандманската расправа за Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба, упати порака до опозицијата дека реформите во правосудството нема да бидат заложник на политички опструкции и дневнополитички пресметки.

„Јас секако можам да ве оставам да ме навредувате затоа што го сметам за одраз на политичка фрустрација, немоќ и одраз на домашно воспитување. Но, не можам и нема да дозволам да глумите лажна загриженост пред македонската јавност и да се обидувате да манипулирате со фактите.Искрено, ми е жал што вчера беше прекината расправата  и што имавме закажано состанок на работната група за измените на Изборниот законик. Тоа е иста онаа работна група од која што вие отсуствувате, со очигледна намера да го бојкотирате реформскиот процес. Јас, тоа секако не можам, и не смеам да го дозволам “, порача министерот Филков.

Министерот Филков потсети дека сите реформски закони што ги подготвува Министерството за правда минуваат низ транспарентна и инклузивна постапка.  Законите за судска и за јавнообвинителска служба се подготвени низ широк консултативен процес и меѓуинституционално усогласени со Законот за административни службеници  и Законот за вработените во јавниот сектор. Со законските решенија се задржуваат постојните категории на работни места со цел да се обезбеди правна сигурност и стабилност на системот на судска и јавнообвинителска служба, како и да се зачуваат сите постојни работни места.

Реклама

Истовремено,  се гарантира заштита на сите стекнати права на вработените. Дополнителна гаранција претставува и фактот што правата утврдени со Колективниот договор, кои предвидуваат етапно зголемување на платите за речиси 40 проценти, се вградени во законските решенија. На тој начин се потврдува дека реформите се насочени кон унапредување на статусот и правата на вработените, а не кон нивно ограничување.

Во процесот на подготовка на законите се спроведени повеќе консултации и со претставници на Европската комисија и СИГМА, со цел обезбедување усогласеност со европските стандарди и препораки.

„Нема да ви дозволам да манипулирате со вистината. Да сакавте во изминатите години да дадете барем еден конструктивен предлог, ќе составевте барем еден добар закон. Наместо тоа, денес ние во првите две години носиме повеќе од 30 реформски закони со кои ги исправаме долгогодишните слабости во системот“, порача министерот Филков.

Со донесувањето на овие закони се очекува исполнување на обврските преземени во рамките на Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, како и дополнително јакнење на капацитетите на правосудните институции.