Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Почина градоначалникот на општина Брвеница Јовица Илиевски

Ненадејно почина градоначалникот на општина Брвеница Јовица Илиевски, соопштија премиерот Христијан Мицкоски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ненадејно почина градоначалникот на општина Брвеница Јовица Илиевски, соопштија премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи. 

-Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница.
Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше.
Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати, напиша премиерот Хртистијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Беше, како што посочи, секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа довербата и за втор мандат.

Реклама

-Ќе го паметиме и како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце.
Во овие болни моменти, моите мисли се со неговото семејство, со неговите најблиски, со граѓаните на Брвеница и со сите што го познаваа и почитуваа. Јоцо на последните избори ја добивме најважната битка за твојата Брвеница, твоето дело и споменот за тебе нема да биде заборавен. Вечен спомен!, стои во објавата на премиерот Мицкоски на фејсбук.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил напиша дека со огромна тага ја примил веста за ненадејната смрт на, како што посочува, „мојот драг пријател, колега и пред сѐ голем човек, Јовица Илиевски“.

-Јоцо, сите сме во шок и неверување. Тешко е да се прифати дека повеќе не си меѓу нас, но уште потешко е да се најдат зборови за човек како тебе. Зад себе остави ведар дух, искрена насмевка, човечност и хумана мисија која допре до многу луѓе.Твојата желба да помогнеш, твојата добрина и твојата присутност ќе останат засекогаш во сеќавањата на сите кои те познаваа, напиша Ѓорѓиевски на фејсбук.

Упатувам, вели во објавата Ѓорѓиевски, длабоко сочувство до твоето неутешно семејство, до пријателите, колегите и до сите луѓе кои денес чувствуваат голема празнина поради твоето заминување.

-Брвеница е горда на тебе. Никогаш нема да бидеш заборавен. Вечна ти слава, другар, порача скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во својата објава на фесјбук по повод смртта на Илиевски.