Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Прилози

Поранешниот шеф на хрватската дипломатија за Алфа: Сметам дека Македонија е запоставена од ЕУ, треба поголем ангажман

Во организација на кабинетот на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на кабинетот на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов и школата за млади лидери, која што е основана токму од негова страна, денеска и утре во Скопје се одржува меѓународна конференција „Дијалог за единствно и мир“. Дел од темите за кои се разговара на оваа конференција е и евроспката иднина, безбедносната состојба во регионот, но и многу други теми.

Токму иднината на евроинтеграциите на Македонија, плановите на ЕУ за следниот период, но и самата конференција, гостин во вестите на Алфа во 20:15 беше поранешниот министер за надворешни и европски работи на Хрватска, Миро Ковач. Тој упати пофалби до поранешниот претседател на Македонија, за самата организација на оваа конференција.

-Најпрво да го пофалам претседателот Иванов за организацијата на оваа конференција, за она што го прави кога станува збор за дијалогот, меѓу народите, државите, цивилизациите. Тоа се однесува и на неговиот син, кој е многу активен, кој многу добро го модерираше панел. Сметам дека ваква конференција е многу важна, ние мораме да разговараме, само ако разговараме, можеме едни на други да влијаеме. Ако не разговараме тогаш правиме некакви теории на заговор, кој, како, зошто, треба да се разговара, затоа ја поздравувам оваа конференција, која ја организира поранешниот претседател Иванов, изјави Ковач.

Реклама

Според него ЕУ треба и да се прошири, но и реформира.

-Лично сум за ширење на Европската Унија, но мислам дека е пореалистично, дека тоа едноставно може да се случи ако Европската Унија се реформира. Ни треба поголема, реформирана Европска Унија, која е пофлексибилна, која ќе овозможи да има повеќе нивоа на членство, ако некои држави сакаат да се во Еврозоната, во шенгенска Европска Унија, одлично. Можеби некои земји тоа не го сакаат, значи да имаме поголема флексибилна Европска Унија, која е помалку догматична, значи ни треба попгратична и помалку догматична Европска Унија, изјави Ковач.

На Македонија и порачува дека нејзиното место е во големото европско семејство.

-Сметам дека би требало многу повеќе да се ангажираат кога станува збор за Македонија, сметам дека Македонија е запоставена, дека е ускратена и дека треба да се направи се што е возможно, како би се пребродил тој спор и како внатре во таа поголема, пофлексибилна, попрагатична Европска Унија, и на крајот на краиштата конечно внатре, во членството да се најде и нашата пријателска Македонија, изјави Ковач.

Со Миро Ковач разговараше Матеја Петровски