Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Економија

Владата „го спакува“ ребалансот на буџетот

Со повеќе инвестиции до поголем економски раст. Со ребалансот на буџетот се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со повеќе инвестиции до поголем економски раст. Со ребалансот на буџетот се додаваат речиси 100 милиони евра за капитални инвестиции. Сумата се зголемува за дури 14,5% од првичните 650 милиони евра на 748 милиони евра. Најмногу дополнителни средства ќе добие Министерството за животна средина, над 37 милиони евра за клучни проекти. Поголем буџет за капитални расходи ќе имаат и Министерствата за транспорт, образование, здравство, како и Државната изборна комисија. Фокусот е на изградбата на инфраструктурата, како патиштата, железниците и водоводите.

„Дополнителните средства ќе бидат насочени кон реализација на неколку крупни инфраструктурни проекти, меѓу кои Коридорот 8 и Коридорот 10-д, автопатот Скопје – Блаце и железничкиот Коридор VIII. Дел од средствата ќе се инвестираат и во водоводни и канализациски системи, пречистителни станици, системи за управување со отпад, проекти за енергетска ефикасност, како и во изградба и реконструкција на училишта, градинки и студентски домови“ – вели Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии.

Ребалансот на буџетот се прави по речиси 4 месеци криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток. Во услови на глобална несигурност, според министерката, на Македонија и требаат политики за забрзан економски раст. Тој годинава, поради неизвесната ситуација на светско ниво, претрпи надолна ревизија од 3,8 на 3,5%, додека инфлацијата наместо 2,5% ќе биде 4,5%. Се зголемува и буџетскиот дефицит на 4,1% од БДП или 750 милиони евра, но за клучни проекти кои носат развој. Од финансии очекуваат за 0,4% помалку даночни приходи и за 24 милиони евра помалку пари од акцизи поради мерките кои беа воведени за одржување на ниските цени на горивата.

Реклама

„Причината е јасна, Владата донесе одлуки за намалување на акцизите на нафтените деривати со цел да ги ублажи последиците од растот на светските цени на горивата и да им помогне на граѓаните и компаниите полесно да се справат со ценовните притисоци. Неданочните приходи бележат значително подобрување, се зголемуваат за околу 2 милијарди денари, што е резултат на подобрата реализација на административните такси, концесиите и поголемото користење на сопствените приходи од страна на буџетските корисници“ – вели Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии.

Вкупните расходи годинава се зголемуваат за 180 милиони евра на 6,91 милијарди евра. Приходите пак, се на ниво од 6,16 милијарди евра или 68 милиони евра повеќе. Дополнителни задолжувања од првично планираните ќе нема. Димитриеска Кочоска уверува дека јавниот долг ќе изнесува под 60% од БДП.