Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Економија

Перински за недонесувањето на измените на Законот за локална самоуправа: Мислам дека не станува тука збор за суштина, туку исклучиво за политички инает

Негласањето на предлог-измени на Законот за локална самоуправа во македонско Собрание е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Негласањето на предлог-измени на Законот за локална самоуправа во македонско Собрание е исклучиво политички инает, смета министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој денеска одговори на новинарско прашање зошто не се донесени законските измени и дали се размислува да ги повлечат и да се предложат нови решенија, кои би биле прифатливи за опозицијата.

Тој порача дека намера да го повлечи овој закон, додека е на оваа позиција, заради тоа што смета дека со новото предлог-законско решение навистина се зголемува нивото на локалната демократија и претставува еден реформски процес кој што ќе донесе подобро пред сѐ за граѓаните, а потоа и за општинските администрации и секако градоначалниците. Министерот за локална самоуправа Перински истакна дека токму кога се подготвуваа предлог-измените на Законот за локална самоуправа, имаше еден консултативен процес којшто траел околу осум месеци. Посочи дека имало и четири регионални отворени средби со сите чинители кои што ги засега оваа материја. 

-И јас преземав обврска, оние предлог-измени на Законот за локална самоуправа, иако немав обврска тоа да го сторам, да ги презентирам во рамки на Собранието пред сите координатори на политички партии во рамки на Собранието. Притоа, сите амандмани кои што беа поднесени од опозицијата, а кои што беа апликативни во еден системски закон, од наша страна беа прифатени. Што значи дека ние не сакавме да го присвоиме ова ново законско решение, туку напротив, процесот го отворивме максимално транспарентно за да ги слушнеме сите мислења и се она што е апликативно да биде имплементирано во во ова ново предлог-законско решение. ​За жал, мислам дека не станува тука збор за суштина, туку станува збор исклучиво за политички инает-рече Перински. 

Реклама

 Прашан дали сите општини ги реализираат проектите што добија пари од заемот од Унгарија, Перински истакна дека проектите имаат соодветна динамика и притоа даде целосен приказ. 

-Во првиот јавен повик, од 288 проекти, 229 се целосно завршени, што значи дека е многу соодветна динамиката на имплементација на проектите на терен. Само една општина ќе ја повтори постапката за јавна набавка, затоа што мислам дека не се избра изведувач. ​Во вториот јавен повик, од 828 проекти, веќе 217 проекти се во завршна фаза. Или кумулативно, еве ќе се обидам да бидам максимално прецизен, од сите проекти, 1116 на број, 446 проекти се целосно завршени, 417 проекти се во фаза на реализација, 148 проекти секој ден се очекува да се воведат од работа бидејќи веќе имаат склучено договори. Остануваат само 40 проекти од овие 1116 проекти коишто во периодот што следи очекуваме да добијат јавна набавка- рече Перински.

​На новинарско прашање дали ќе биде опфатен во реконструкцијата на Владата, Перински одговори дека тоа не е соодветно прашање за него. 

-Јас ја чекам одлуката на претседателот Мицкоски. Јас подолго време го знам како функционира и знам дека каква било одлука и да донесе, таа ќе се базира на мерит-систем и јас ќе ја прифатам каква и да е – изјави Перински.