Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Јаневска: Земјоделската струка во Битола ќе продолжи во Регионалниот училишен центар

Земјоделската струка во Битола нема да згасне, туку ќе продолжи во Регионалниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделската струка во Битола нема да згасне, туку ќе продолжи во Регионалниот училишен центар, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

По промоцијата на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, таа појасни дека во средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола, во првиот уписен рок се запишале тројца ученици и оти согласно Законот, со три деца неможе да се формира паралелка, а тие ќе бидат распределени во други струки.

– Во моментов има запишано тројца ученици во тоа училиште, во прва година, Земјоделско училиште, а станува збор за Пелагонија, каде што земјоделството треба да се развива и доразвива. Сметам дека треба поголема ажурност од училиштето. По закон, ние не можеме да дозволиме паралелка со три ученици да постои. Тие ќе продолжат да си работат како втора, трета и четврта година, а од следната година ќе си оди оваа паралелка, односно земјоделската струка во Регионалниот центар, како што и планираме, како што и треба да биде, рече Јаневска.

Реклама

Според неа, наставниците во тоа училиште не се потрудиле да привлечат  деветтоодделенци, кои своето средно образование ќе го завршат таму.

– За жал, ги изневерија децата, наместо да се обидат и да си присоберат ученици, да промовираат во деветто одделение, да направат некаков тип на сензибилизација, не го направија и ги донесоа овие три дечиња дефакто во заблуда, истакна Јаневска.

Таа потврди дека наставниот кадар ќе се префрли во Ресурсниот центар, а училишната зграда ќе остане на општина Битола или на Македонија. 

Во првиот уписен рок во средните училиште во државата се запишани 14.500 ученици. Во тек е вториот уписен рок, каде што министерката очекува да бидат запишани уште околу 2.000 ученици.