Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ очекува пратениците да го стопираат Предлог законот за игри на среќа

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ очекува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ очекува дека на утрешната седница на Собраниска комисија за финансирање и буџет, мнозинството пратеници од најголемите македонски политички партии ќе донесат одлука за стопирање на понатамошната процедура за усвојување на Предлог законот за игри на среќа и забавни игри.

Главен мотив е заштита на работните места на десет илјади луѓе, од кои најголемиот дел сме етнички македонци, кои веќе осум години живееме во грч, неизвесност, заедно со нашите семејства се тресеме дали ќе останеме на улица, со нецелосно исплатени кредити, со активирани хипотеки и со авионски карти за еден правец, иселување во странство. Истовремено, мотив за пратениците треба да биде и избегнувањето на албанското сценарио да се преслика во Македонија. Спречување легалните објекти за игри на среќа да се заменат со играчници на црно по подруми, каде државата ќе нема контрола, а младите ќе станат лесна мета.

Сметаме дека на Јавната расправа дадовме доволно издржани аргументи дека актуелниот Предлог закон за игри на среќа и забавни игри содржи толку нелогични одредби кои не можат да се поправат со амандмани. Уште еднаш ги повикуваме претставниците на министерството за финансии и пратениците да не брзаат. Брзината не смее да биде поважна од суштината. Треба да се формира работна група составена од претставници на надлежните институции, вработените, асоцијациите, стопанските комори и уставни експерти кои во кус рок ќе изработат нова предлог регулатива која ќе биде реално спроведлива. Ние вработените сме прва линија за спроведување на постоечка регулатива, која е една од најстрогите во регионот и пошироко, и затоа поседуваме искуство, знаење и личен кредибилитет да предупредиме, но и да дадеме издржани предлози.

Реклама

Доколку министерството за финансии и пратениците останат глуви на нашите апели, како здружение сме подготвени со сите демократски средства да го заштитиме нашето уставно загарантирано право на работа.